Состанок на слепо: Нова акција на книжарницата ТРИ!

Дали некогаш сте излегле на состанок на слепо? Дали ви се случило вашите пријатели да ви закажат состанок со личност која не ја познавате, мислејќи дека би биле одличен пар?

13238907_10154181307814817_2470462534643579521_n

Во контекст на книгите и љубовта кон книгите, книжарницата ТРИ е вашиот пријател кој се обидува да ви закаже состанок на слепо, но не со вистинска личност, туку со книга. Од денес, 25 мај, се до 4 јуни, имате можност да отидете во книжарата ТРИ на Ленинова и да си одберете книга, но без да знаете кој е нејзиниот наслов.

Како што велат на нивниот официјален настан на Фејсбук:

Со надеж за незаборавна љубов и приказна со среќен крај, ве каниме на Состанок на слепо, но овој пат со КНИГА.

Симпатично завитканите книги, со сосем куси навестувања за нивната содржина, ве очекуваат во нашата книжарница во Дебар маало. Книжевното рандеву започнува од денес, со шолја добро кафе.

Понесете со себе ведрина и добра мисла. Судењето на книгите по корицата оставете го за друго време!

Само за храбри! Состанок на слепо во ТРИ.“

Оваа практика е доста популарна и во други земји во светот, а конечно сега се организира и во Македонија. Топло ви препорачувам да отидете и да видите за што се работи, јас сигурно ќе си ја пробам среќата!

*Сликата е преземена од линкот од настанот на Фејсбук.

Leave a comment