Досега често сум постирала интересни полици за книги, како и домашни библиотеки. Секогаш е интересно да се види како другите луѓе ги уредуваат и ги средуваат своите полици, а воедно некој може да се инспирира за уредувањето на сопствената библиотека.
Меѓу љубителите на книги има и голем број љубители на стрипови и суперхерои, па затоа овој пост е посветен на нив. Верувам дека доленаведените полици ќе им се допаднат, па можеби ќе ги средат или направат сопствените полици на сличен начин. Иако приложените слики се повеќе за љубителите на Бетмен и Супермен, сепак се интересни и забавни.
Во продолжение можете да видите интересни полици и домашни библиотеки инспирирани од суперхерои, а воедно вметнав и некои интересни држачи за книги инспирирани од Бетмен и Супермен.
Се надевам дека ќе уживате во изборот! 🙂
Како за крај ја оставив оваа интересна домашна библиотека инспирирана од Pacman. Да, навистина, Пакман нема никаква врска со суперхерои, но додека барав интересни полици за овој текст, налетав и на оваа слика која ми предизвика носталгија за играта од детството, па сепак се решив да ја вклучам и неа. 🙂