Секому треба дневна доза позитивна енергија, па така за денес го пронајдов ова преслатко и преинтересно видео од две-годишно дете кое ги учи фамозните зборови на Хамлет, „Да се биде или не“.
Некои од вас на видеото ќе го препознаат актерот Брајан Кокс, кој е познат по филмовите како „Борновиот идентитет“ и „Храбро срце“. Она што можеби малкумина го знаат е дека всушност тој е најпознат како актер кој целиот живот го поминал играјќи улоги во драмите на Шекспир.
Пред извесно време, тој сакал да докаже дека човек не може да биде премлад за да го учи Шекспир и тоа го докажува преку неговата интеракција со едно двегодишно детенце. На видеото, тој се обидува да го научи детенцето да ги изговори најславните зборови на Хамлет.
Погледнете го прекрасното видео кое со сигурност ќе ви измами насмевка, особено кога ќе ги видите и гестикулациите на малечкото.
Некое време подоцна, во интервју за Би-Би-Си, тој зборува за целата ситуација и како дошло до лекцијата за Шекспир, како и за важноста да се споделува културата со новите генерации.
