За љубовта толку многу е кажано, а уште повеќе напишано. Љубовта е чувство кое некако највеќе ги инспирира умовите и најсилно ги допира срцата на луѓето, а за писателите таа е како гориво кое ги турка напред за да продолжат да пишуваат.
Бидејќи денес е петок, прекрасен ден, ден кој го означува почетокот на викендот и можноста малку да здивнеме од работа и обврски, решив да соберам неколку прекрасни мисли за љубовта напишани од големите писателски умови. Секому е потребна дневна доза позитивна енергија, па се надевам дека овие мисли ќе успеат да ви дадат позитивна енергија! Имајте преубав викенд!
„Смислата на човековиот живот, без разлика на тоа кој го контролира, е да се љуби оној којшто е во близина да биде љубен.“ – Курт Вонегат
„Ја прифаќаме љубовта којашто мислиме дека ја заслужуваме.“ – Стивен Чбоски
„Не постои безбедна инвестиција. Да се љуби значи да се биде ранлив. Љубете сѐ и вашето срце ќе биде исцедено и најверојатно скршено. Ако сакате да бидете сигурни дека тоа ќе остане недопрено, треба да не го дадете вашето срце никому, дури ни на животно. Завиткајте го внимателно со хобија и мали луксузи, избегнувајте ги сите заплеткувања; заклучете го во некоја кошница или во ковчегот на вашата себичност. Но, таа кошница: безбедна, неподвижна, безвоздушна – ќе се промени. Нема да биде скршена, ќе стане нескршлива, непробивна, непоправлива. Алтернативата на трагедијата или барем на ризикот од трагедија е проклетството. Единственото место надвор од рајот, каде што можете да бидете совршено безбедни од сите опасности и нарушувања на љубовта е пеколот.“ – К. С. Луис

„Од сите форми на претпазливост, претпазливоста во љубовта е најверојатно најфатална за вистинската среќа.“ – Бертранд Расел
„Залудно се мачев. Ова не може да продолжи вака. Моите чувства нема да бидат поттиснати. Мораш да ми дозволиш да ти кажам колку ревносно ти се восхитувам и те сакам.“ – Џејн Остин
„Што е пекол? Верувам дека е страдањето од неможноста да сакаш.“ – Фјодор Достоевски
„Еднаш си беше едно момче коешто беше вљубено во една девојка и нејзината насмевка беше прашање што сакаше да го одговара цел живот.“ – Никол Краус
„Љубовта не се состои од гледање еден во друг, туку во заедничко гледање во иста насока.“ – Антоан де Сент-Егзипери
„Никогаш немој да сакаш некој што се однесува како да си обичен.“ – Оскар Вајлд

„Двајца заљубени луѓе, сами, изолирани од светот – тоа е прекрасно.“ – Милан Кундера
„Можете да ја промените љубовта, да ја игнорирате или да ја направите хаос, но никогаш не можете да ја извадите од себеси. Од искуство знам дека поетите се во право: љубовта е вечна.“ – Е.М.Фостер
„Од што и да се направени нашите души, неговата и мојата се исти.“ – Емили Бронте
„Сакам да знам дека ти си се движела и си дишела во истиот свет со мене.“ – Ф.Скот Фицџералд
„Љубовта е нескротлива сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, не уништува. Кога се обидуваме да ја затвориме, не заробува. Кога се обидуваме да ја разбереме, не остава изгубени и збунети.“ – Пауло Коелјо
