Македонска поезија: „Глас“ од Гане Тодоровски

На овој блог често имам обичај да постирам прекрасна македонска поезија, затоа што навистина можеме да се пофалиме со прекрасни стихови кои треба и мора да бидат споделувани што почесто. За денес ја избрав „Глас“ од Гане Тодоровски. Се работи за една кратка, но прекрасна песна која верувам дека ќе ве допре и ќе ви ги размрда сетилата и чувствата.

Глас – Гане Тодоровски

Пак ме сонуваше, нели?
Не реков: не. Не пуштив гласен крик.
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
секој ден, секој час, секој миг.

Сон биди, сон што ме мами,
сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање.
За да се разберам колкав сум самик,
да го зачекорам честакот Човешко Страдање.

Пак ме сонуваше, нели?

Да реков: да, ќе пуштев гласен крик.
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
сон вечен, вечна недостиг.

tumblr_static_tumblr_static_filename_640

Leave a comment