10 причини поради кои читањето е најдобра активност за здраво тело и ум!

Многу често сме говореле за поволностите од читањето. Не верувам дека на страствените читатели им е потребно какво било убедување, ниту пак причини за читање, затоа што за нив самата љубов и страст кон пишаниот збор е доволна за постојано да читаат.

Но, бидејќи велат: „Повторувањето е мајка на знаењето“, решив одново да соберам една листа со поволности од читањето, затоа што секогаш треба да ги имаме овие работи на ум и да им се заблагодариме на книгите што не’ одржуваат здрави и среќни.

reading-925589_960_720

Му помага на мозокот на остане млад

Стареењето може да има негативен ефект врз мозокот и ја намалува неговата функција. Луѓето кои редовно читаат ги намалуваат овие негативни ефекти за 29%. Тие исто така значително го намалуваат ризикот од развивање на Алцхајмерова болест.

Го намалува стресот

Добро напишана книга може да го однесе читателот во далечни земји или да го запознае со нови ликови кои нудат нови перспективи и искуства. Преку ова, читањето помага човекот да се оттргне од своите грижи барем за кратко. Истражувањата покажале дека 10-минутно читање го намалува стресот за 60%.

Ги подобрува пишувачките вештини

Најдобрите писатели се страствени читатели. Читањето ви помага да си го проширите вокабуларот и структурирањето на речениците. Писателите треба да читаат од истите причини поради кои музичарите треба да слушаат музика или сликарите да гледаат слики.

Ја зголемува смиреноста

Читањето може да го зголеми вашите внатрешен мир. Истражувањата покажале дека читањето духовни книги го намалува крвниот притисок, додека пак кај некои луѓе се покажало дека книгите за самопомош им даваат надеж и алатки за промена.

Со читањето, вежбањето е многу поинтересно

Многу од оние направи за вежбање имаат држачи за книги. Се покажало дека оние кои ставаат книга пред нив додека вежбаат, вежбаат подолго од останатите.

4aae96f887e16c5506a4908fd36113e1

Поттикнува сочувство

Книгите им овозможуваат на читателите да се стават во кожата на другите. Работите кои ги учиме низ искуствата на измислените ликови можат да се применат и во вистинскиот живот. Како резултат на тоа, читателите стануваат посочувствителни кон останатите луѓе.

Го разубавува денот

Дури и ако книгата нема среќен крај, сцените во неа ќе ви помогнат да ви се вратат среќните спомени од минатото. Доволен е еден збор или една реченица да ве потсети на некои среќни времиња. Овие присеќавања ќе ве расположат.

А и да не ве потсетат на ништо, читањето само по себе ќе ве опушти и ќе ви го подобри денот, колку и тој да бил стресен.

Ви помага да ги исполните вашите животни цели

Храбрите дела на ликовите во книгите можат да им помогнат на читателите да се инспирираат и да добијат храброст која им е потреба за да внесат позитивни промени во своите животи.

Ги подобрува когнитивните вештини

Некои читатели се способни да ги решат мистериите во одредена книга уште пред нејзиниот крај. Колку повеќе читате, толку повеќе ќе ви се развиваат логичките и аналитичките вештини.

Заштедува пари

За да читате книги доволна ви е картичка од библиотека и пред вас е еден огромен нов свет на можности кои можете да ги одбирате за себе.

 

Leave a comment