Што читаше „Кафе и книги“ во јуни?

Дојде јули, а со него полека доаѓа и времето за летни одмори. Како и секој месец, ви ја приложувам листата со книги што ги прочитав во изминатиот месец, со кратко образложување и мое видување за тоа како ги доживеав. Можеби токму меѓу овие книги се крие вашата следна книга за читање и можеби од оваа листа ќе се инспирирате и ќе ја најдете совршената книга која ќе ја читате додека уживате на плажа, со книга во едната и кафе во другата рака.

Уживајте!

Сто години осаменост“ – Габриел Гарсија Маркес

Издавачка куќа: МАКАВЕЈ
Оцена: 5/5
Осврт: Долго време се подготвував да ја читам книгава, но никогаш не наоѓав соодветно време. Многу ми е драго што конечно седнав и ја прочитав оваа книга. Едноставно се работи за книжевно совршенство. Маркес е магионичар што ќе направи да се чувствувате како лично да го познавате секој член од семејството Буендија и во периодот кога ќе ја читате ќе мислите дека живеете во Макондо, малото населено место.

Книгата го следи животот на семејството Буендија, нивните згоди и незгоди, прилики и неприлики и испреплетувањето на нивните судбини. Тие живеат во Макондо, малечко населено место чиј основач е главата на семејството, Хосе Аркадио Буендија, вечниот идеалист, фантазер и занесеник. Како што се развива приказната, така повеќе се внесувате во неа, секој лик ви станува драг на посебен начин, за секој член од тоа семејство ќе имате мислење. Ќе навлезете во суштината на судбината, на работите кои се предодредени и од кои не може да се избега.

Потребно е многу концентрација за оваа книга, на моменти може да ви биде тешко да ги следите настаните со оглед на тоа колку пати и колку луѓе ги имаат имињата Хосе Аркадио и Аурелијано. Но, кога еднаш ќе влезете во штосот, оваа книга нема да можете да ја испуштите од раце. Генијално ремек-дело. Капа долу за Марксес!

Ловец на змејови“ – Халед Хосеини

Издавачка куќа: МАТИЦА
Оцена: 5/5
Осврт: Пред да започнете да ја читате оваа книга, треба да бидете подготвени дека ќе ви го скрши срцето. На милион парчиња. И воедно ќе го колнете светот затоа што е суров, безмилосен и не му е грижа за ништо.

Ова е приказна за пријателството, за Амир и Хасан кои растат еден покрај друг, со тоа што Амир е дете на богат бизнисмен, додека Хасан е синот на слугата на неговиот татко. Тие се деца што уживаат во детството, прават палаштини, сè додека еден ден не се случи нешто што ќе ја прекине таа врска засекогаш. Набргу потоа, Советскиот сојуз влегува во Авганистан и оттогаш таа држава никогаш повеќе не е иста. Исто како и луѓето во неа, како и луѓето кои ќе избегаат од неа. Меѓу нив се и Амир и неговиот татко кои бегаат во Америка. Но, Амир не може да избега од своето минато, колку и да се обидува да го поттисне во себе.

Ова е книга од која многу ќе научите за Авганистан, за нејзината култура, обичаи и народ. Книга од која многу ќе научите за животот, за луѓето, за грешките и за одлуките кои можат да сосема на ни го променат животот. Книга која со цело срце ви ја препорачувам!

4. „Оди, постави стражар“ Харпер Ли

370_48_3_12__21__4_2016450_56_5_16__12__4_2016screen20shot202016-04-1220at2016-05-12
Оцена:5/5
Осврт: Книжевниот свет беше превртен наопаку кога минатата година беше објавено дека Харпер Ли, по повеќе од 50 години ќе го објави својот втор роман насловен како „Оди, постави стражар.“ Иако многумина го нарекуваат продолжение на „Да се убие птицата подбивница“ и на некој начин и е, сепак интересно е што Харпе Ли ја напишала оваа книга прво, а потоа омилената „Да се убие птицата подбивница“.

Оваа книга предизвика бура од контроверзии, особено заради тоа што се откриваат одредени нови работи за Атикус Финч, кој е еден од најдрагите ликови и најомилените ликови во литературата.

За „Да се убие птицата подбивница“ веќе имам пишувано и претходно, а сега дојде на ред и „Оди, постави стражар“. Оваа приказна ни ги враќа назад омилените ликови од „Да се убие птицата подбивница“, само многу години подоцна, кога Скаут е веќе млада жена која живее свој живот во Њујорк. Таа се враќа назад во својот роден град за го посети Атикус и сите останати пријатели и роднини. Како што се развива приказната, Скаут се шокира кога сфаќа дека ништо не е исто, дека се е променето и се чуди како е можно работите толку да станат комплицирани.

Ова е навистина прекрасна книга, која иако беше контроверзна, верувам дека ќе ви се допадне и дека ќе ве погоди. Можеби „Да се убие птицата подбивница“ е помоќна и одекнува со децении во светот на литературата, но и „Оди, постави стражар“ е квалитетно и добро напишана книга, во која ќе ја забележите љубовта која Харпер Ли ја имала кон југот.

Генерално мислам дека е подобро прво да ја прочитате „Да се убие птицата подбивница“, но и не морате да одите по тој редослед.

2. „Американски психопат“ – Брет Истон Елис

598_53_30_11__30__5_2016d0b0d0bcd0b5d180d0b8d0bad0b0d0bdd181d0bad0b820d0bfd181d0b8d185d0bed0bfd0b0d182
Издавачка куќа: ОПИУМ
Оцена: 3/5
Осврт: Првиот збор кој ми падна на ум кога ја завршив книгава беше „чудно“. „Американски психопат“ е книга која е навистина чудна. И морничава. И не е за луѓе со слаб стомак. Однапред треба да знаете дека изобилува со насилни сцени кои се навистина детално опишани.

Сепак, оваа книга е многу повеќе од насилството во неа. На многу мрачен и саркастичен начин го исмева американското општество, неговата површност, ги исмева материјалистите и банкарите од Вол Стрит, кои се толку многу самозаљубени, што не се ни трудат да ги запаметат имињата на останатите. А и не се ни важни. Тоа се само имиња.

Патрик Бејтман е 26-годишен дечко кој според многумина живее живот од соништата. Освен тоа што е психопат. Нема никакво сочувство за никого, тој е тежок сноб опседнат со својот изглед, но за околината тој е едно пристојно, воспитано момче. Кога само би ја знаеле вистината…

3. Додека умирав“ – Вилијам Фокнер

fokner
Оцена: 2/5
Осврт: Вилијам Фокнер е еден од најдобрите и најславените американски писатели. Неговите описи за животот и природата на јужните краишта во Америка постојано се препрочитуваат и слават. Покрај тоа ја има два пати добиено Пулицеровата награда и успеал да влезе помеѓу престижната листа на луѓе кои добиле Нобелова награда за литература.

„Додека умирав“ е едно од неговите најславени дела. Го опишува мачниот и долг процес на семејството Бундрен додека се обидува да го пренесе мртвото тело на Еди од гратчето во коешто живеат до местото каде што Еди израснала и местото каде што изразила желба да биде закопана, затоа што таму биле закопани сите роднини од нејзината фамилија.

Патот е мачен , бидејќи водата е надојдена и им се случуваат многу непријатности во текот на патувањето. Секој член од семејството си е посебна приказна и всушност целото патување е прикажано низ очите на различни членови од семејството, а на моменти Фокнер не враќа назад во минатото преку раскажувањата на самата Еди.

Книгата е кратка, меѓутоа е малку бавна. Јас некако не можев сосема да се внесам во приказната, но сепак сметам дека треба да и се даде шанса, бидејќи Фокнер е навистина одличен писател и има прекрасен стил на пишување. Можеби јас не можев премногу да се внесам во самата приказна, но уживав во пишувањето на Фокнер.

Издавачка куќа: СЛОВО

Издавачка куќа: АРС ЛАМИНА

5. Спутник љубов“ – Харуки Мураками

498_51_43_13__17__4_2012sputnik
Оцена: 2/5
Осврт: Харуки Мураками навистина има талент за пишување. И потребните вештини. Начинот на којшто пишува едноставно е мек, едноставен, сензуален и ве тера да читате и да не ја пуштите книгата од рака.

Ова е книга чие дејство се одвива во Јапонија и се врти околу Сумире, млада, ексцентрична девојка со амбиции да стане писателка. Нараторот во романот е нејзин пријател, но тој е и потајно заљубен во неа, но и е воодушевен во неа. Од друга страна, Сумире се заљубува во Миу, која е жена, која е 17 години постара од неа и која е мажена. Таа почнува да работи за Миу и почнува да се трансформира до степен што и самата се прашува дали се изгубила себеси и која е всушност таа.

Кога Миу и Сумире одат на пат, почнуваат да се случуваат чудни работи, Сумире исчезнува, а нараторот доаѓа за да и помогне на Миу за да ја најдат. Мураками е познат по тоа што има доза на надреализам во своите пишувања и ова не е никаков исклучок. Книгата изобилува со филозофски прашања и дилеми кои секој човек си ги поставува во животот.

За мене, приказната изгуби од својот шарм во моментот кога нараторот оди во Грција за да помогне да ја најдат Сумире, но уживав во стилот на пишување, на филозофските прашања што се поставуваат и произлегуваат од оваа книга.

Издавачка куќа: ТРИ

 

Leave a comment