Инфографик: Инспиративни совети за пишување од големите писателски умови!

Не е лесно да се биде писател. Ернест Хемингвеј во својот говор кога ја добил Нобеловата награда рекол дека „пишувањето, во својата најдобра форма, е осамен живот.“ Има најразлични правила кога станува збор за пишувањето, но како што сме увиделе многупати, понекогаш правилата не значат ништо, па писателите создаваат и свои правила во процесот на пишување.

Рафаел Лајсендер создаде многу интересен и одличен инфографик во кој изнесува совети за пишување од 9 познати писатели. Некои од нив се духовити, некои од нив се мудри и одлични.

Не мора да бидете писател за да ги прочитате овие совети. Напротив, дури и ако немате желба или амбиција да пишувате, интересно е да се прочитаат, затоа што станува збор за познати писатели кои споделуваат дел од своето искуство и мудрост, а на тој начин можеме да добиеме и малку увид во нивното размислување и процес на пишување кој довел до тоа денес да имаме легендарни дела.

Во продолжение прочитајте ги советите, а најдолу можете да го видите и оригиналниот инфографик, кој визуелно навистина изгледа прекрасно и креативно.

Ернест Хемингвеј

brand_fyi_bsfc_116472_sfm_000_2997_15_20140905_001_hd_768x432-16x9

1. Пишувајте вистинити реченици.
2. Бидете кратки.
3. Не опишувајте чувство – создадете го.
4. Кога ќе дојде времето да пишувате пак, секогаш почнете со препрочитување на тоа што сте напишале досега.
5. Кога пишува книга, писателот треба да создава живи луѓе. Луѓе, а не ликови. Ликот е карикатура.

Елмор Леонард

Elmore Leonard in 1983

1. Никогаш не ја започнувајте книгата со тоа какво е времето.
2. Избегнувате го прологот.
3. Никогаш не употребувајте поинаков глагол од „рече“ за да го пренесете дијалогот.
4. Никогаш не користете прилог за да го промените глаголот „рече“.
5. Држете ги извичниците под контрола.
6. Не ги користете зборовите „одеднаш“ и „се отиде по ѓаволите“.
7. Повремено користете локални дијалекти и жаргони.
8. Избегнете детално опишување на ликовите.
9. Не навлегувајте во предетално опишување на места и работи.
10. Потрудете се да го изоставите делот кој читателите најчесто го прескокнуваат.

И најважното правило е:

Ако звучи како пишување, одново го пишувам.

Маргарет Атвуд

margaretatwood-creditjeanmalek-

1. Правете вежби за грбот. Болката може да ви го одземе вниманието.
2. Задржете го вниманието на читателот (ова највеќе ќе функционира ако успеете да си го задржите своето). Но, бидејќи не знаете кој е читателот, тоа е слично како со чатал да пукате во риба и тоа во темница.
3. Најверојатно ќе ви треба лексикон, учебник по граматика и свесност за реалноста. Ова последново значи дека не постои бесплатен ручек. Пишувањето е работа. Истовремено е и коцкање. Не добивате план за пензија. Другите луѓе можат малку да ви помогнат. Но, во суштина, вие сте оставени сами на себе. Никој не ве терал да го правите ова, вие самите сте си го избрале. Затоа не кукајте.
4. Никогаш нема да можете да си ја прочитате сопствената книга со истото невино исчекување што доаѓа со читањето на првата слатка страница од нова книга. Затоа што вие ја имате напишано. Вие сте биле присутни од другата страна. Затоа замолете еден или двајца пријатели кои сакаат да читаат, да ја прочитаат вашата книга. Пријателот кој ќе го изберете не смее да биде личноста со која сте во врска. Освен ако не сакате да раскинете.
5. Не застанувајте на средина од шумата. Ако заглавите во заплетот или сте блокирани, преиспитајте си ги вашите чекори и откријте каде сте згрешиле. И потоа тргнете по друг пат. И/или сменете ја личноста. Сменете го времето. Сменете го воведот.
6. Молењето може да помогне. Како и читањето нешто друго. Или постојаната визуелизација на вашиот Свет грал, односно завршеното, објавено издание на вашата сјајна книга.

Џон Штајнбек

8291248586_211f9f75cf_o

1. Напуштете ја идејата дека никогаш нема да завршите. Заборавете на тие 400 страни и пишувајте по една страна дневно. Тоа навистина помага. И тогаш кога навистина ќе завршите, секогаш ќе бидете изненадени.
2. Пишувајте слободно и брзо и ставете го сето тоа на хартија. Никогаш не поправајте, не пишувајте одново додека не ја завршите целата книга. Пишувањето одново му се испречува на процесот и текот кој може да дојде само со несвесно поврзување со материјалот.
3. Заборавете ја вашата генерализирана публика. Како прво, безимената и безлична публика ќе ве исплаши до смрт. Како второ, за разлика од театарот, таа не  постои. Во пишувањето, вашата публика е само еден читател. Сфатив дека понекогаш помага да изберете една личност, без разлика дали ја познавате или е замислена личност, и да и се обратите на неа.
4. Ако некоја сцена или дел од книгата ве измачува и исцрпува, а се уште мислите дека ја сакате, заобиколете ја и продожете понатаму. Кога ќе ја завршите книгата, можете да се вратите на неа и тогаш можеби ќе сфатите дека причината поради која ве измачувала е тоа што таа едноставно не припаѓа таму.
5. Чувајте се од сцената која ќе ви стане премногу драга, подрага од другите. Најчесто излегува дека произлегла од слика.
6. Ако употребувате дијалог – изговарајте го на глас додека го пишувате. Само така ќе го добиете звукот на говорењето.

Хенри Милер

henrymiller1

1. Фокусирајте се на една работа додека не ја завршите цела книга.
2. Не започнувајте нови книги.
3. Не бидете нервозни. Работете смирено, задоволно и непромислено на што и да ви падне во рака.
4. Работете врз основа на план, а не на расположение. Запрете со пишување во определеното време.
5. Кога не можете да создадете, можете да работите.
6. Подобро цементирајте по нешто секој ден, отколку да додавате нови ѓубрива.
7. Останете човек! Гледајте се со луѓе, излегувајте, пијте ако ви се пие.
8. Не работете како коњ. Пишувајте само од задоволство.
9. Отфрлете ја програмата кога ќе почувствувате дека треба да го направите тоа. Но, сепак вратете и се наредниот ден. Концентрирајте се. Стеснете. Исклучете.
10. Заборавете на книгите кои сакате да ги напишете и концентрирајте се на онаа која моментално ја пишувате.
11. Пишување секогаш треба да ви биде на прво место. Сликањето, музиката, пријателите, киното… се тоа доаѓа отпосле.

Курт Вонегат

vonnegut2

1. Пронајдете тема која што ви е драга.
2. Сепак, не бладајте.
3. Држете се до едноставноста.
4. Имајте храброст да сечете.
5. Звучете како што звучите вие.
6. Кажете тоа што мислите да го кажете.
7. Сожалувајте ги читателите.

Марк Твен

o-mark-twain-facebook

1. Секој може да има идеја – проблемот се појавува кога треба да ја изразиш без залудно да потрошиш еден цел лист на идеја која си можел и требал да ја сведеш на еден сјаен параграф.
2. Добрите книги се мерат според нивниот стил и важност, а не според додатоците и нијансите на нивната граматика:
3. Што се однесува до придавките, секогаш кога имате сомнеж – исфрлете ги.
4. Користете едноставен јазик, кратки зборови и куси реченици. Тоа е начинот на кој треба да се пишува на англиски јазик – тоа е модерниот начин и најдобриот начин и држете се до него. Не им дозволувајте на пуфките, цвеќињата и празнословието да ви се прикрадат.
5. Не велете дека старата жена врескала. Донесете ја и оставете ја да вреска.
6. Пишувајте без да ви платат, се додека некој не ви понуди да ви плати. Ако никој не се понуди во текот на наредните три години, значи дека вие сте создадени за сечење дрво.
7. Разликата помеѓу правилниот збор и речиси правилниот збор е исто како разликата меѓу осветлување и светулка (тука има игра на зборови: Lighting and lighting bug, м.з)
8. Колку повеќе објаснуваш, толку помалку разбирам.

Џорџ Орвел

orwell3

1. Никогаш не користете метафора, компарација или фраза којашто постојано ја среќавате во печатена форма.
2. Никогаш не користете долг збор онаму каде што може да помине и краток збор.
3. Ако можете да исфрлите некој збор, исфрлете го.
4. Никогаш не користете пасивен јазик онаму каде што можете да користите активен јазик.
5. Никогаш не користете странска фраза, научен збор или жаргон, ако видите дека имате соодветен збор на англиски јазик.
6. Подобро прекршете некое од овие правила отколку да кажете глупост.

Реј Бредбери

tdy-120606-bradbury-obit-01-grid-6x2

1. Истражувајте ги квалитетните кратки раскази.
2. Ослободете се од пријателите кои не веруваат во вас… „отпуштете ги“ без одложување.
3. Заљубете се во филмови. Особено во постарите филмови.
4. Не сметајте на тоа дека ќе заработите.
5. Набројте 10 работи кои ги сакате и 10 кои не ги сакате. Пишувајте за првите и убијте ги вторите. (метафорички се разбира, м.з)
6. Живејте во библиотека. Не живејте во вашите проклети компјутери.
7. Пишувањето не е сериозна работа. Ако пишувањето почнува да делува како работа, тогаш ишкртајте го и започнете да пишувате нешто што нема да делува така.
*Сакам да ми завидувате на задоволството*
8. Запаметете, кога пишувате, она што го барате е барем една личност која ќе ви пријде и ќе ви рече: „Ве сакам поради тоа што го правите“. Или ако не ви се случи тоа, барате личност која ќе ви пријде и ќе ви рече: „Па ти не си луд како што зборат луѓето.“

Во продолжение погледнете го одличниот инфографик.

 

writing-tips-bu-raphael-lysander

 

 

Leave a comment