Сите ја знаеме моќта на книгите емоционално да не разоружаат, да не воведат во емоционален ролеркостер во кој час плачеме, час се смееме. Се приврзуваме за приказните, за ликовите, за писателите кои ги напишале книгите, за се… Понекогаш и им се лутиме, од причини познати само за нас. А сега, има и програма која ја мери среќата во книгите.

Се започнало кога истражувачите на Унивзитетот во Вермонт создале компјутерска програма која мерела среќа. Тие ја нарекле „Хедонометар“, технологија создадена првенствено за да ги мери и анализира чувствата изразени на Твитер. Таа ги собирала податоците за среќа и тага базирано врз зборови кои изразуваат чувства, како на пример: среќна, тажен, омраза, љубов и слично. Но, сега, луѓето кои го создале „Хедонометарот“ го пренасочиле своето внимание од Твитер кон измислените светови кои постојат во книгите.
Истражувачите го искористиле хедонометарот за да ги документираат емотивните криви на 1737 книги кои се достапни преку проектот Гутенберг и ги објавија своите резултати на својот вебсајт. За секоја книга, хедонометарот создава графикон кој ги содржи флуктациите во зборовите кои изразуваат чувства. Секој графикон варира од книга на книга, односно во зависност од зборовите кои се употребени.
За да се долови ова со пример, јас ги побарав резултатите за „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин. Графиконот на тоа како се движат чувствата во текот на книгата изгледа вака:

Како што можете да видите, на почетокот среќата е голема, чувствата се позитивни, се е добро и убаво, а потоа како прогресира ова расположение варира, а некаде по 70% од дејството, среќата бележи драстичен пад за потоа повторно да се појави и драстично се зголемува како што се ближи кон крајот.
Во продолжение, можете да видите и во која мера се појавуваат зборовите кои изразуваат среќа и зборовите кои изразуваат тага. На пример, кога станува збор за позитивните зборови, најчести зборови се: „среќна“, „среќа“, „љубов“, „мајка“, „семејство“, итн., додека пак најчести зборови кои изразуваат така се: „болно“, „лута“, „неволја“, „болка“, „засрамена“, „мизерија“, „омразено“, „загуба“, „себичен“, итн…

Доколку сакате да ги видите сите зборови кои изразуваат среќа или тага (или барем оние најчестите), треба само да кликнете на некое од жолтите (за среќа) или сините (за тага) полиња каде што стои знакот Σ.
На пример:

Ова е колоната за среќни чувства, а до неа e и колоната за тажни чувства, која можете да ја кликнете.
Секако, има и каталогизирање, па можете да ги видите основните информации од типот на колку зборови има книгата, како и за тоа колку среќа има во книгата.

Чисто за споредба, еве како изгледа графиконот на чувства во „Ана Каренина“ на Лав Толстој:

Доколку сакате да го проверите графиконот на среќа во вашите омилени книги, тоа можете да го направите тука. Во полето за пребарување само напишете го името на книгата која сакате да ја истражите.
Додека графиконите на индивидуалните книги се фасцинантни самите по себе, истражувачите кажуваат дека кога ќе се анализираат заедно, тие откриваат некои од најфундаменталните градби на приказните.
„МИТ Технолоџи Ревју“ објаснува дека истражувачите ги употребиле овие резултати за да ги идентификуваат шесте основи емотивни лакови кои постојат во литературата: постепено одење кон среќа, постепено опаѓање на среќаtа, паѓање и искачување, искачување и паѓање, искачување-паѓање-искачување, паѓање-искачување-паѓање. Иако е невозможно да се сведе која било приказна само на нејзините емотивни флуктации (а и не сите приказни ги следат тие шаблони), истражувањето е важно затоа што ги дава првите емпириски докази за основните правила на раскажувањето приказни.
