Видео: Магијата на библиотеките и книжарниците!

Ако читањето и книгите се ваша најголема љубов, тогаш книжарниците и библиотеките се еден вид на личен храм во кој го пронаоѓате својот мир. Секогаш кога ќе поминете покрај книжарница едноставно не можете, а да не се загледате во излогот, а и вашите пријатели понекогаш ве задеваат поради тоа.

beauty-books-girl-library-favim-com-1951026

Само љубителот на книга знае каква магија имаат овие места, кои претставуваат еден посебен свет само по себе. Свет во кој сите нешта се многу поубави. Луѓето од AtoZReview се согласуваат со ова. И тие исто така ги обожаваат книжарниците и библиотеките, па затоа го направиле ова прекрасно видео со компликација од сцени од серии и книги, во кои се прикажуваат библиотеки и книжари и целиот нивен сјај.

Денес е петок, ден кој го означува почетокот на викендот, па затоа ова видео нека внесе дополнителна позитивна енергија во вашиот ден.

Leave a comment