Мистеријата за поетот којшто исчезнал без трага…

Една пролет во 1957 година, двајца Американци седнале во мексиканска кантина и цела ноќ си зборувале. Едниот бил Пит Хамил, 21-годишен дечко полн со уметнички стремежи и кој подоцна станал колумнист, а другиот бил мустаќлијата, начитаниот и одамна исчезнатиот поет, Велдон Кис.

Или барем тоа е верзијата која ја кажува Хамил. Кис, кој претходно бил длабоко етаблиран на американската уметничка сцена, исчезнал две години пред наводната средба – мистерија која се уште ја прогонува книжевната сцена. Иако денес Кис е генерално заборавен од академиците и професорите, тој сепак бил повторно враќан преку поетите кои низ текот на годините ги откривале неговите дела.

weldon-kees

На 19 јули 1955 година, автомобилот на Кис бил пронајден покрај маглив брег покрај мостот Голден Гејт, со клучевите на клучот за контакт. Кога на мајка му и било кажано дека е можно да скокнал од мостот, таа рекла: „Но, тој никогаш не беше атлетски тип.“

Неколку дена пред исчезнувањето, Кис пиел и зборувал со својот пријател и бизнис партнер Мајкл Григ. Тој дури му кажал и дека се обидел да скокне од мостот Голден Гејт, но дека не можел физички да го оствари тоа. Тој зборувал дека ќе замине за Мексико како алтернатива, бидејќи Мексико била држава која отсекогаш го фасцинирала.

На 17 јули 1955 година се вратил дома, а што се случувало наредниот ден е вистинска мистерија. Тој се слушнал со Григ, кој го известил Кис за можна понуда за работа. Потоа се слушнал со уште една пријателка Жанет Ричардс, велејќи и дека сака да се види со неа. И наредниот ден му го пронашле автомобилот покрај мостот.

Роден во Небраска во 1914 година, исчезнатиот поет речиси сигурно умрел досега, без оглед на тоа што се случило во 1955 година. Но, она што е пофасцинантно од мистеријата за судбината на Кис е поделбата помеѓу уметниците и академиците за наследството кое Кис го оставил на американската поезија.

Поетесата Дана Гиоја вели: „Мојот интерес нема никаква врска со неговото самоубиство. Едноставно мислам дека неговите дела се спектакуларно моќни.“ Таа додава и дека за повеќето академици и истражувачи, Кис е само една фуснота, отфрлен како незначаен поет споредено со Роберт Ловел или Елизабет Бишоп. Книгата издадена од Кембриџ, „Вовед во американската поезија од 20-тиот век“ не го ни споменува Кис и единствената биографија за него, „Изчезнат чин“ е напишана од поет, а не од академик.

Но, за поетите, вклучувајќи ја и Гиоја, тој е поинаква приказна. За Гиоја, делото на Кис е запрепастувачко, модерно и елегантно припособено на ера на медиуми и цинизам. Кис дури има инспирирано и збика од есеи и поеми, наречена „Аспектите на Робинсон“,  создадена од дузина поети кои биле инспирирани од него. И покрај неговото речиси целосно отсуство од академските листи кои ги содржат најважните поети и фактот дека тој не е проучуван на факултетите, Кис „има фатено дузина поети за грло и ја има променето нивната работа.“

kees6

И тој не бил само поет. Гиоја вела дека тој бил авангарда сама по себе. Тој напишал книга во раните 40-ти години на 20-тиот век, која останала необјавена затоа што издавачката куќа Кнопф сметала дека е премногу непатриотска, особено по катастрофалниот напад на Перл Харбор. Тој исто така создавал експериментални филмови, бил умерено успешен сликар, пишувал џез балади и напишал филм.

Кис едно време бил женет, но неговата жена алкохоличарка имала нервен слом кој водел до нивен развод и се навлекол на барбитурати, а тоа му ја влошила неговата состојба со оглед на тоа дека имал биполарно нарушување. Тој се движел во истите кругови како и Паулин Каел, Вилијам Карлос Вилијамс и Лоренс Ферлињети и имал мачка која се викала Осамена.

Токму поезијата на Кис е најпознатиот дел од неговото творештво, особено 4-те поеми кои му биле објавени во „Њујоркер“ и кои ја раскажувале приказната на некојси Робинсон. Џејмс Рејдел, второт на книгата „Исчезнат чин“ вели: „Тој секогаш заминува. Тој не создава книга од поемите за Робинсон, не го истражува своето дело.“

Рејдел вели дека тоа што Кис постојано се движел од една форма на уметност кон друга, било некој вид на борба против„егзистенцијалната строгост“ на извршувањета на една работа. Некои пак инсинуирале дека тој никогаш не станал славен затоа што не можел едноставно да се сосредоточи на тоа да биде поет, но сепак многумина се согласуваат дека додека неговите слики и филмови се просечни, неговите поеми моќно ја прикажуваат незабележителната апокалипса.

Творештвото на Кис е толку примамливо, што многумина се обидувале да бараат траги и докази за неговата личност во неговиот најпознат лик, Робинсон. А што се однесува до трагите за неговата судбина, Робинсон е „плашлив, пијан, плаче“, но никогаш не се лансира себеси од мост, не бега во Мексико, ниту пак има целовечерни разговори за Пит Хамил.

Да заклучиме, што навистина се случило со Кис? Рејдел верува дека скокнал, а и Гиоја вели дека е речиси сигурно дека го доживеал својот  крај на мостот, бидејќи цел живот бил опседнат со мостот Голден Гејт. Ако избегал во Мексико, Рејдел верува дека креативната сила на Кис би довела до нова озогласеност, наместо пиење текила на плажа до крајот на неговиот живот. Гиоја вела: „Би било невозможно тој едноставно тивко да се повлече и да исчезне.“

Извор.
Извор.

Leave a comment