Излезе промотивното видео за „Девојката од возот“!

„Девојката од возот“ од Пола Хокинс излезе во 2015 година и направи вистински бум. Некако се чини дека овие трилер-мистерии во кои главниот лик има сериозни проблеми стануваат сè популарни. Кога излезе, оваа книга беше споредувана со „Ејми ја нема“ (Gone Girl) и слични книги со мрачна тематика.

598_12_57_10__5__5_2015d0b4d0b5d0b2d0bed198d0bad0b0d182d0b020d0bed0b420d0b2d0bed0b7d0bed182

Читателската публика со аплаузи ја поздрави оваа книга која беше инстантен бестселер, а кога тоа се случува, Холивуд веднаш ширум ги отвора очите, па така започна создавањето на екранизираната верзија на оваа книга.

Главната улога во филмот ја игра Емили Блант. Нејзиниот лик Рејчел Вотсон е жена која има проблеми со алкохолот и со целиот нејзин живот по распаѓањето на незиниот брак. Освен тоа, по секоја пијана епизода, таа не памти ништо. И постојано се вози со воз. Оттука почнуваат сите проблеми и читателот (наскоро и гледачот) е вовлечен во психолошка драма во која не се знае ништо.

thumbnail_24294

Најновиот промотивен спот е тука и навистина делува примамливо. Филмот излегува на 7 октомври. Во продолжение погледнете го видеото.

 

Leave a comment