Поглед во една од најубавите книжарници во светот!

Книжарниците и бибилиотеките се места каде што човек може да се изгуби и да се пронајде. Повеќето луѓе тука се чувствуваат свои и за нив тоа се места каде што можат да избегаат од реалноста и да заборават на проблемите и маките на овој свет.

Има листи со книжарници кои навистина го одземаат здивот, а токму денес пишувам за една од нив. Верувам дека она што ќе го видите ќе ве воодушеви.

Се работи за книжарницата „Ел Атенео Гранд Сплендид“, која е една од најпознатите книжарници во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина. Оваа книжарница секогаш ја сместуваат во листите за најубави книжарници во светот, а весникот „Гардијан“ ја смести на второто место на својата листа на најубави книжарници.

800px-buenos_aires_-_el_ateneo_164

Оваа зграда е изградена во 1860 година. Перо и Торес Арменгол се архитектите кои се заслужни за овој прекрасен објект и бил изграден со намера да биде театар. Театарот започнал со работа во мај 1919 година и името му било „Театро Гранд Сплендид“. Самиот објект има прекрасни фрески на таванот кои биле нацртани од италијанскиот уметник Назарено Орланди.

Театарот имал капацитет од 1050 седишта и бил домаќин на најразлични театарски претстави, но и изведби на танго танчер(к)и кои биле многу популарни во тоа време. Во раните 20. години на 20 век, театарот станал кино, а во 1929 година бил прикажан првиот филм со звук. Ова било ексклузивна новост и ова кино било првото кино што прикажало филм со звук во Аргентина.

Поранешниот театар бил изнајмен од една компанија во 2000 година. Ова компанија ги поседува „Ел Атенео“ и „Јени“ кои се ланец на книжарници (ги има околу 40), како и издавачка куќа „Ел Атенео“. Објектот бил соодветно реновиран и прилагоден за да биде книжарница и музичка продавница. За таа задача бил задолжен архитектот Фернандо Манзоне.

1024px-el_ateneo_bookstore

Оваа книжарница е вистински хит. Секоја година продава над 500.000 книги и секоја година ја посетуваат повеќе од еден милион луѓе.

Столчињата за седење се тргнати и на нивно место се поставени полици за книги. Низ целата книжарница има столчиња, задржани се и театарските ложи, каде можете да си седнете и да си ја разгледате книгата пред да ја купите, а на местото каде што била сцената, денес има кафуле. Задржани се многу работи од оригиналниот театар како цртежите, фреските, завесите, осветувањето и слично. И покрај промените, кога ќе влезете во неа, ќе го имате чувството на грандиозност и магија.

Љубители на книги, сега имате уште едно место на листата на вашите желби за патување!

Во продолжение погледнете уште неколку слики, верувам дека ќе се заљубите на прв поглед.

1024px-ateneo_grand_splendid-interior_02-tm

1024px-el_ateneo_grand_splendid_bookshop2c_recoleta2c_buenos_aires2c_argentina2c_28th-_dec-_2010_-_flickr_-_phillipc

1024px-el_ateneo_bookstore_28545941408529

13726581_1429480033735517_1435844874883970643_n

13728947_1429480000402187_6616071073329061762_n

13707705_1429479983735522_3024684545959543433_n

13620753_1429479950402192_6844622580137439862_n

13728979_1429479957068858_779269873699189200_n

 

Leave a comment