„Клетници“ ќе добие екранизација на малите екрани!

„Клетници“ на Виктор Иго е една од најпознатите книги на сите времиња. Книга којашто се обработува во училиштата ширум светот и книга којашто е инспирација за многу филмови, театарски претстави, мјузикли, па дури и балетски претстави.

Оваа безвременска приказна се чини дека никогаш не губи од својата актуелност, па така деновиве излезе информацијата дека и официјално во подготовка е екранизацијата на „Клетници“, која ќе биде во вид на мини-серија во 6 делови и ќе биде ко-продуцирана од Би-Би-Си и компанијата Лукаут Поинт.

young-cosette

Проектот ќе го води Ејндру Дејвис, кој е еден од најценетите и најуспешните сценаристи кој ги има напишано сценаријата за мегапопуларните мини серии на Би-Би-Си, како што се: „Гордост и предрасуди“, „Распродажба на суети“, „Мидлмарч“ и „Војна и мир“. Секогаш кога Дејвис прави екранизација на класик, тоа секогаш е рамно на неверојатен успех.

Во своето соопштение за медиуми, Дејвис ја сподели својата возбуда за овој проект:

„„Клетници“ е култен наслов. Повеќето од нас се запознаете со мјузиклот кој нуди само фрагментиран приказ на приказната. Јас сум возбуден што ќе ја имам можноста вистински да му се оддолжам на Виктор Иго со тоа што ќе го екранизирам неговото дело во 6-часовна верзија за BBC и тоа со истиот тим кој ја создаде „Војна и мир““.

Се уште не се знае точниот датум на премиерата, но еден од луѓето кои работат на проектот кажа дека гледачите и обожавателите на „Клетници“ може да очекуваат интензивирање на оригиналната приказна на „Клетници“ и во мини-серијата ќе има и нишка на модерно размислување со цел да се направи паралела помеѓу овие два света.

Вејнстејн вели: „Мислам дека соработката помеѓу Би-Би-Си и „Вејнстејн телевижн“ е веќе нова норма за раскажување на класиците: модерно, но со почит. И со исклучок на Џејмс Бонд, никој ова не го прави подобро од Ејндру Дејвис.“

Деталите се оскудни, но имаме потврда и начелна информација. Секако дека „Кафе и книги“ будно ќе ги следи новостите и ќе ве известува за секоја новост! Сите со нетрпение ќе очекуваме да го видиме конечниот резултат!

 

 

One comment

  1. Постоеше еден француски целовечерен фил Клетници кој сум го гледал на кино. Филмот беше во боја со српскохрватски превод во тоа време и беше право уживање за гледање.

    Like

Leave a comment