Три нови книги за волшебниот свет на Хари Потер!

Сите знаеме дека обожавателите на серијалот за Хари Потер не можат да се заситат од приказната за момчето кое преживеа и дека секогаш бараат нешто плус за дружината на Хари Потер и магичниот Хогвартс.

Во 2010 година, Џ.К. Роулинг му кажала на Даниел Ретклиф, момчето коешто го глумеше Хари Потер во филмските екранизации, дека повеќе нема да пишува за Хари Потер. Тој изјавил дека е сигурен дека таа ќе пишува други книги, само  Хари нема да биде дел од нив.

4k35jl35kj35_0

Многумина помислија дека ова ќе биде крајот на франшизата за Хари Потер, но деновиве излегоа нови информации. Иако најверојатно нема да добиеме уште една книга чие дејство ќе се врти околу Хари Потер, сепак ќе добиеме три книги во електронски формат кои ќе бидат сместени во магичниот свет кој маѓепса милиони луѓе ширум светот.

Оваа година, обожавателите ќе можат да очекуваат три нови е-книги кои ќе бидат достапни на Амазон, Барнс & Ноубл и Епл ајБукс: „Кратки прикани од Хогвартс за моќ, политика и досадни Полтергејтс“, „Кратки приказни за хероизмот од Хогвартс“ и „Хогвартс: Нецелосен и неверодостоен прирачник“.

Колекцијата која ќе биде издадена под капата на „Потермор презентс“, ќе содржи избрани кратки приказни кои веќе се појавиле на pottermore.com. Првата книга ќе се фокусира на помрачни елементи како што е потеклото на професорката Умбриџ и историјата на озогласениот затвор Азкабан, додека пак втората книга ќе биде полесна и во неа ќе може да прочитате за херојството на Минерва МекГонагал и Ремус Лупин. И на крај, последната книга ветува дека ќе ни даде поширок и подетален приказ на Хогвартс.

Претставник за „Потермор презентс“ вели дека новиве книги „имаат за цел да го надополнат серијалот за Хари Потер со кратка содржина која е забавна, креативно избрана од страна на тимот на Потермор и ќе биде лесно достапна и на платформите на мобилните телефони.“

Сите три книги ќе излезат на 8 септемви.

 

 

Leave a comment