Иницијатива што им дозволува на патниците да носат екстра книги во авион!

Никој не ги сака оние моменти кога ќе отиде на аеродром и кога ќе му кажат дека ја пречекорил дозволената големина на куфер или дека носи потежок куфер од дозволеното. Обично, човек мора да доплати или да преместува и вади работи за да дојде до дозволената тежина.

А љубителите на книги, секогаш носат по некоја книга со себе, па така често мораат да ги вадат или преместуваат книгите. За да се избегне ова сценарио, трговците на книги во Германија започнаа маркетинг иницијатива „Внимание! Книга“ која воведе многу интересна кампања која ја се вика „Книга во авион“.

man_reading_on_pla_3443719k

Тие заедно со авиокомпанијата „Кондор Ерлајнс“ спроведуваат акција која е создадена токму за летните одмори. Во суштина, идејата е дека секој патник има право на дополнителен кабински багаж во кој можете да ги сместите вашите омилени книги.

Се прашувате како се изведува тоа и како ќе знаат луѓето дека тој дополнителен багаж ќе биде искористен за книги? Александер Скипис, директорот на Здружението на издавачи и трговци со книги: „Сите 5000 книжарници во Германија добија посебни налепници од кампањата и поголемиот дел од нив учествуваат во неа. Еднаш кога ќе ја добиете налепницата, имате право да носите екстра багаж. Многу едноставно.“

Дополнителна придобивка од оваа кампања е тоа што оваа нова понуда не е само добра за патниците, туку и истовремено помага во градење на подобар однос помеѓу локалните книжарници и новите (или веќе постоечки) муштерии.

Каква прекрасна идеја! Да се надеваме дека оваа иницијатива ќе ја следат и останатите држави и авио-компании!

 

Leave a comment