За жал, викендот бргу помина и не’ чека нова работна недела. Како за почеток на оваа седмица, пронајдов еден интересен инфографик со 15 мисли од некои од најпознатите книги на сите времиња. На инфографикот се споделени мислите и ликот во книгата кој ја кажува мислата.
Бидејќи секому е потребна инспирација, а малку повеќе инспирација ни е потребна во понеделник, решив денес да го споделам овој инфографик со вас. Овие мисли се навистина прекрасни, инспиративни, ќе ве поттикнат на размислување, можеби и ќе развијат дебата во вашето друштво и можеби ќе ви го направат овој понеделник барем малку поубав. 🙂
Најпрво можете да ги прочитате мислите преведени на македонски јазик, а под нив можете да го видите и инфографикот.
Ви посакувам убав понеделник и убава работна недела!
~ „На човек не му е потребен разум за да биде фин човек. Понекогаш мислам дека е сосема спротивното. Еве земи некој навистина паметен човек и ќе видиш дека ретко се погодува да биде фин.“ – Џон Штајнбек, „Глувци и луѓе“
~ „Искрените луѓе не ги кријат своите дела.“ – Емили Бронте, „Оркански височини“
~ „Зошто се обидувам да станам нешто што не сакам да бидам, кога се што сакам е таму некаде, чекајќи го мигот кога ќе кажам дека знам кој сум?“ – Артур Милер, „Смртта на трговецот“
~ „Кога ја губиш насмевката, ја губиш својата основа.“ – Кен Кисеј, „Лет над кукавичјото гнездо“
~ „Мислам дека животот е премногу краток за да се негува анимозитет или за да се забележуваат грешки.“ – Шарлот Бронте, „Џејн Ер“
~ „Сепак, што е океанот, ако не збир од капки?“ – Дејвид Мичел, „Атлас на облаците“

~ „Колку малку знаеме од работите кои треба да се знаат.“ – Ернест Хемингвеј, „За кого бијат камбаните“
~ „ Ништо не е добро или лошо, но размислувањето го прави такво.“ – Вилијам Шекспир, „Хамлет“
~ „Работата е што стравот може да те повреди исто како што може да те повреди и сонот.“ – Вилијам Голдинг, „Господар на мувите“
~ „Зборовите можат да бидат како рентгентски зраци ако знаеш правилно да ги употребуваш. Тие можат да поминат низ се. Читаш и продупчен си.“ – Олдос Хаксли, „Храбар нов свет“
~ „Постои само едно правило кое треба да го запомниш: смеј се на се и заборави на другите! Звучи егоистично, но тоа е единствениот лек против самосожалувањето.“ – Ана Франк, „Дневникот на Ана Франк“
~ „Во тие ситуации секогаш мислев дека мојот татко, кој мразеше пушки и кој никогаш не бил во војна, е најхрабриот човек кој некогаш постоел.“ – Харпер Ли, „Да се убие птицата подбивница“
~ „Мојот совет е следниот: Никогаш не го оставај за утре тоа што можеш да го направиш денес. Одложувањето е крадец на времето.“ – Чарлс Дикенс, „Дејвид Коперфилд“
~ „Не можам да се вратам на вчера, затоа што тогаш бев друга личност.“ – Луис Карол, „Алиса во Земјата на чудата“
~ „Не сакам работа, никој не сака работа, но го сакам она што е во работата – шансата да се пронајдеш себеси. Својата сопствена реалност, за себеси, а не за другите, тоа што ниту еден друг човек не може да го знае. Тие можат да гледаат само едно обично шоу и никогаш да не откријат што навистина значи.“ – Џозеф Конрад, „Срце на темнината“
Во продолжение погледнете го интересниот инфографик.

