Училиште во кое секој љубител на книги би сакал да оди!

Се ближи почетокот на училишната година. Некои се радуваат што ќе се вратат назад во училишните клупи, некои посакуваат распустот да трае барем малку подолго. Оние коишто одамна излегле од училишните клупи овој период се потсеќаат на своите училишни денови.

Верувам дека откако ќе ги видите сликите и откако ќе прочитате за идејата и акцијата на група професори од едно училиште од САД, веднаш ќе посакате да се вратите назад во училиште, особено ако училишните ходници изгледаат вака:

PM-935dec82b3d8fcfb12347a8ca64aa0c4

Група на професори и волонтери од средното училиште во Биокси, Мисисипи, решија да направат нешто оригинално за да ги привлечат учениците да читаат повеќе книги и да го разубават училишниот ходник, па затоа ги трансформираа ужасните, метални шкафчиња стари 189 години во наслови од книги. Овие шкафчиња не се користеле речиси цела деценија.

Проектот бил започнат од група на професори кои решиле да ги посветат своите лета во создавање на околина која поттикнува љубов кон читањето и учењето, а не само место каде што оставаат работи. Професорката Елизабет Вилијамс вели: „Сакаме студентите да се вратат назад во училиште и кога ќе се движат низ ходникот да бидат воодушевени од тоа што го направивме и да бидат љубопитни. Сакаме тоа да биде искрата која ќе го поттикне читањето во нашите училници.“

ps_book_lockers_01_mm_150818_16x9_992

Во поглед на насловите, професорите се обиделе да опфатат повеќе жанрови, интереси и нивоа на читање. На шкафчињата можете да ги видите насловите на книги како „Самрак“, „Игра на тронови“, „Гордост и предрасуди“, итн.

Ентузијазмот на професорите очигледно не е паднат и покрај тоа што се работи за исклучително напорна работа. Замислете да треба да боите десетици и десетици шкафчиња. Професорката Стејси Бутера вели: „Сега, секој пат кога ќе проаѓам низ ходникот, ќе гледам нешта коишто се фасцинантни и се надевам дека и учениците ќе бидат фасцинирани и ќе бидат поттикнати да читаат.“

Замислете се себеси како имате сопствено шкафче на кое стои името на вашата омилена книга. Или пак секој први септември да одите во училиште и да се прашувате која „книга“ ќе ви се падне! Огромно браво за оваа акција!

8af01662bd9c38ab14f01a99401b8736

locker-art

 

Leave a comment