Македонска поезија: „Преживување“ од Блаже Конески

Со оглед на тоа дека неделава е некако во знакот на поезијата поради Струшките вечери на поезијата, а и петок е одличен ден за споделување поезија и инспирација, денес на блогот можете да ја прочитате „Преживување“ од Блаже Конески!

Се работи за инспиративна песна, со многу убава порака, која е совршена за овој петок.

Ви посакувам убав петок и уште поубав викенд!

Преживување – Блаже Конески

Какви порази сме морале да издржиме,
какви срамови,
какви поруги.
Боже, умот дури ми се свртува!
Ни помагало нешто, нè крепело нешто,
некаква смешка, некаква површност, –
и по сето тоа
во нас
некаква надеж, некаква желба,
некаква скриена смисла
безрасудно
пак изртува!

large

Leave a comment