Ботанички цртежи со повеќе од 100 видови растенија кои денес никаде не можат да се најдат. Надреално претставени жени, нивните тела згрчени и испреплетени со цевки, како во слика на Х.Р. Гигер. Избледени линии на ракописот што изгледаат како да се излезени од мапа на Средната земја, но очигледно е дека личат на јазик.
Ова е „Ракописот на Војнич“, книга од 240 страници, која е полна со скици и неразбирлив ракопис за која се верува дека е напишана некаде во централна Европа во 15 век (иако официјално се претпоставува дека периодот е помеѓу 1400 и 1599 година). Некои веруваат дека се работи за мистичен текст, напишан на заборавен јазик кој никој жив човек не може да го разбере. Или со други зборови, тешко дека некој ќе успее да го прочита.

Покрај мистериозната природа на ракописот, „Ракописот на Војнич“ има интересна историја сам по себе. Низ текот на вековите, тој преминал од рацете на некој антички астрономер во рацете на германски владетел од 16 век (Рудолф II), па потоа преминал во рацете на језуитските сколари и на крај дошол до човекот според кого е крстен ракописот, Вилфрид Војнич.
Интелектуалци и експерти со генерации се обидувале да го дешифрираат, но секој обид бил неуспешен. Моментално се наоѓа во библиотеката на Јејл. Во 2014 година, кураторот на „Шекспировата библиотека“ во Вашингтон за „Вашингтон пост“ изјавил: „Мислам дека ни треба еден предупредувачки формулар кој треба да го потпишете пред да го погледнете ракописот, кој ќе вели: „Ако полудите, не нè обвинувајте нас.“


Токму од таа причина јавноста се изненади што една мала издавачка куќа од Шпанија се реши да го објави овој ракопис. Издавачката куќа „Силое“ ги откупила правата да го објави ракописот. Не може да се каже дека се работи за повторно издавање, затоа што тоа е многу комплексна работа, а последниот обид на Шпанците да рестраврираат нешто заврши со „тролање на интернет“.
Наместо тоа, тие ги „клонираат“ страниците, за да можат читателите (веројатно академици и богати луѓе со чудна љубопитност) да го почувствуваат чувството на древниот том. Досега се испечатени 898 примероци, а еден примерок чини 8000 долари, а продадени се 300 примероци.
Бидејќи цената на книгата е навистина превисока, Јејл ги има дигитализирано повеќето од страниците. Доколку и вам ве копка мистериозниот ракопис, кликнете тука за да видите околу што се крева толкава врева.

.
Додадено на 24.6.2017: Подолу можете да погледнете едно интересно анимирано видео токму за овој мистериозен ракопис.
~ ~ ~
Додадено на 1.4.2024: На Јутуб каналот „Watcher” оди една емисија „Mistery Files” во која се обработуваат мистериозни случаи од секаков тип и неодамна ја покрија токму темата за овој мистериозен ракопис, доколку ве интересираат понови информации што ги нема во овој текст, можете да ја погледнете подолу:
