Зошто е толку тешко да се направи екранизација на „Малиот принц“?

„Малиот принц“ е една од најубавите книги за деца, но е посебна омилена помеѓу возрасните. Таа магија на Антоан де Сент-Егзипери ретко кој може да ја надмине, па затоа е и една од најпреведуваните книги на сите времиња. Но, она што е уште поинтересно е што е навистина тешко да се направи екранизација на оваа прекрасна и безвременска приказна.

Обожавателите на книгата знаат дека во 2015 година излезе екранизацијата на „Малиот принц“ и сите со нетрпение го чекаа овој анимиран филм. Но, самиот режисер бил свесен за тоа каков ризик презема. Знаејќи го ова, издавачката куќа NPR направи интересна анализа и статија за тоа зошто е толку тешко да се направи екранизација на „Малиот принц“, давајќи интересни примери во минатото. Во продолжение прочитајте ја статијата на македонски јазик, а на крајот од текстот го имате и оригиналниот извор. 🙂

maxresdefault4-600x338

Жалете го човекот кој се обидува да ја екранизира книгата „Малиот принц“ на Антоан де Сент- Егзипери. Легендарната приказна која е преведена на повеќе од 200 јазици и од неа се продадени милиони и милиони изданија ширум светот. Оваа приказна е речиси света за нејзините обожаватели. Сега има нова филмска верзија и тоа од режисер чиј филмски опус се движи од „Кунг Фу Панда“ до „Сунгерот Боб“. Ова и не се баш книжевни класици, но Марк Озборн многу добро го знае предизвикот.

Колку за информација,  идејата оваа нежна, сакана приказна да се претвори во голем, комерцијален филм не била првично на Озборн. На Озборн му пришле луѓе кои го застапуваат името и авторските права на Сент-Егзипери и тој првично ги одбил. Оливер Д’Егеј, правнукот на Егзипери и менаџерот на имотот на писателот, вели: „Првичниот одговор беше „не“. Марк е толку искрен, тој навистина беше исплашен дури и да помисли да прави екранизација на оваа прекрасна книга.“ Озборн на ова додал: „Не постои начин како да направите филм кој е се она што е книгата за сите луѓе.“

И навистина, „Малиот принц“ претставува толку многу различни работи за толку многу различни луѓе. Онаму каде што младите читатели може да видат галактича, фантастична авантура, повозрасните ќе се воодушеват на приказната и за тоа што таа говори за стареењето и губењето на детската креативност.  Некои ја гледаат „Малиот принц“ како прекрасна приказна за пријателството и одговорноста, а некои ја гледаат како воена приказна. Во суштина, таа е се од горенаведеното. Озборн вели: „Книгата постои во фантазијата на секој читател. Постои нова верзија на книгата секојпат кога некој ќе ја прочита.“
little-prince

Велс сакал да направи акционен филм со малку анимација, а во 40-тите години на 20-тиот век тоа значело дека ќе работи со Волт Дизни. Па така Велс му се јавил на Дизни. Нелсон вели: „Тој отишол на состанокот со Волт Дизни, му ја кажал својата визија и зборувале, кога наводно Волт Дизни луто излегол од состанокот и рекол: „Во овој проект има место само за еден гениј“ и така пропаднала целата приказна.“ Судир на егото на двајца возрасни, нешто што воопшто не би го изненадило Малиот принц.

Во 1974 година, режисерот Стенли Донен, кој го создаде „Пеејќи на дождот“, се појавил со многу банална, музичка верзија на „Малиот принц“. Џин Вилдер ја глуми лисицата во портокалов косим и вратоврска, а Боб Фоси, кој личел многу на Мајкл Џексон од периодот на „Били Џин“ глуми диско-танцувачка змија.

„Тој мора да ја има слаткоста и будалаштината на детството. Тој мора по малку да ја покажува досадноста на светот, да ја покаже личноста којашто го пропатувала светот и била подложена на осаменост и изолација. И на крај, тој мора да има голема мудрост. А тоа е навистина голем залак за дете од шест години.“

kbq1nozwkev3c6uwtexkwjzivtl(Екранизацијата на „Малиот принц“ од 1974 година)

„На Леон Верт, кога беше мало момче“

Уште еден голем залак е обидувањето да ги натерате децата да ги сфатат подлабоките теми во „Малиот принц“. Кога го прашале која е таргетираната публика за овој филм, менаџерот на имотот на Сент-Егзипери, Оливер Д’Егеј слатко се изнасмеал. Тој рекол: „Ние го поставивме истото прашање во 1943 година, кога книгата беше објавена.“

Кристин Нелсон вели дека Сент-Егзипери никогаш точно не ја определил својата читателска публика, но сепак ни дал некои траги. Тој ја посветил книгата на возрасен пријател, Евреј кој живеел во Франција која била окупирана од нацистите. Тој воедно ги замолил децата да му простат затоа што ја посветува книгата на возрасен човек.

Leave a comment