Филмот „Отуѓување“ од 2011 година, во која главната улога ја има оскаровецот Адриен Броди, ја опишува приказната на професорот Хенри Бартс кој е професор на замена во едно средно училиште. Филмот истражува неколку различни теми, за училиштето, за животот, за професорите и нивната задача и работа, но и за тоа како создаваме односи и како се отуѓуваме од другите за да не нè повредува светот и општеството.

Причината поради којашто можете да прочитате за овој филм на блогот е тоа што филмот посветува значителен дел на читањето и книгите. Самиот филм започнува со една реченица од Албер Ками: „И никогаш не сум чувствувал нешто толку длабоко, а истовремено и толку отуѓено од себеси и толку присутно во светот.“
Во еден ден од филмот има една сцена која е навистина моќна и инспиративна и е поврзана со прашањето зошто треба да читаме и зошто книгите се многу важни.
Еве што вели Хенри Бартс во неговиот краток монолог:
„Двојна мисла. Намерно да веруваш во лаги, а истовремено знаеш дека не се вистинити. Примери за ова во секојдневниот живот: „Морам да бидам убава за да бидам среќна. Ми треба операција за да бидам убава. Треба да бидам слаба, славна, убаво да се облекувам.“ На нашите млади момци им се кажува дека жените се курви, кучки, работи кои треба да служат само за секс, дека треба да бидат тепани, омаловажувани и посрамувани. Ова е маркетиншки хоколауст.
Секој ден, по 24 часа, до крајот на нашите животи, моќите работат напорно за да нѐ оглупават до смрт. Затоа, за да се одбраниме себеси и да се бориме против претопувањето на оваа тапавост во нашиот мисловен процес, мора да научиме да читаме. Да ја поттикнуваме сопствената фантазија, да ѝ се посветиме на сопствената свесност и на нашите вредносни системи. Нам ни се потребни овие вештини за да ги одбраниме и зачуваме нашите сопствени умови.“
Во продолжение погледнете ја целосната сцена. Навистина моќно и инспиратино. Освен тоа, оваа сцена може да ви послужи и да го погледнете филмот, доколку барате нешто поинакво за гледање.
