Сосема е нормално низ текот на историјата некои поети да бидат повлијателни од другите. Има поети кои со своите стихови и стил на изразување претставуваат вистинска инспирација и се идоли на многу нови генерации поети и кои инспирирале некои други култни поетски имиња.
Денес на блогот може да погледнете еден интересен инфографик кој покажува кои се 10-те највлијателни поети во англиската книжевност. Луѓето кои го направиле овој инфографик велат дека за потребите на инфографикот направиле детално истражување и проучиле околу 250 поети за да го определат степенот на влијание од другите поети. Тие вклучиле околу 1000 влијанија за да можат да ја направат нивната листа со највлијателни поети.
Ова е листата од највлијателни поети во англиската книжевност:
1. Вилијам Шекспир
2. Волт Вајтман
3. Вилијам Вордсворт
4. Џон Китс
5. Џон Милтон
6. Вилијам Блејк
7. Перси Шели
8. Едгар Алан По
9. Езра Поунд
10. Т.С. Елиот
Во продолжение погледнете го инфографикот и погледнете кој поет на кого влијаел.

За малку позголемена верзија од сликата – кликнете тука.
