Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за литература!

Внимание!

Драги обожаватели на Боб Дилан и обожаватели на квалитетната музика, овој ден навистина дојде: Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за литература за 2016 година. Ова е можеби едно од најголемите изненадувања, со оглед на тоа дека Мураками беше најголемиот фаворит за добивање на Нобеловата награда според сите релевантни сајтови, но сепак, еден од најлегендарните музичари и текстописци го доби ова највисоко признание.

Тој ја добива оваа награда поради „создавање на ново поетско изразување во рамки на големата американска музичка традиција.“

a-exposicao-photographs-of-bob-dylan-reune-fotos-feitas-por-daniel-kramer-durante-turne-do-bardo-entre-1964-e-1965-kramer-registra-a-metamorfose-do-artista-de-trovador-folk-a-icone-do-rock-n-roll-1353

Боб Дилан или Роберт Ален Зимерман (вистинско име) наполни 75 години и е еден од музичарите со огромна музичка кариера од повеќе од 50 години и неговото музичко влијание е едно од најнеоспорните факти во историјата на музиката! Неговото влијание не е само музичко, туку и општествено и културолошко, па затоа и покрај тоа што е изненадување, можеби и не треба се чудиме што токму овој голем човек ја добива оваа најголема награда.

И покрај тоа што неговата уметност не влегува во оние традиционално популарни категории од литературата (иако ги имаме записите за неговиот живот, благодарејќи на автобиографијата „Хроники“), неговиот магичен талент за пишување текстови продира во безвременски теми – од политика до љубов и успева со децении да инспирира милиони луѓе ширум светот.

Добитникот на Нобеловата награда е најчесто тотално изненадување и затоа сите со нетрпение ја очекуваат изјавата на Боб Дилан!

Честитки!

 

Leave a comment