Која е најголемата библиотека во светот?

За љубителите на книги, библиотеките и книжарите се најмагичните места на светот. Би можеле со денови и недели да седат и одбираат меѓу сите тие прекрасни наслови кои чекаат да бидат откриени.

Библиотеките и книжарите можат да бидат да бидат вистински туристички места, затоа што луѓето обожаваат да ги откриваат овие магични места кои во себе носат книги кои се стари со децении, па дури и векови.

На блогот веќе имам пишувано за прекрасните библиотеки кои оставаат без здив, но дали сте се запрашале која е најголемата библиотека во светот?

Одговорот на тоа прашање е: Британската библиотека во Лондон. Таа можеби не е најубавата библиотека според изгледот, но сепак Е најголемата библиотека на основа на огромниот избор кој може да биде разгледуван и читан.

1024px-british_library_gate_shadow

Оваа библиотека има 150 милиони книги, ракописи, дневници, весници, аудио и музички снимки, списанија и цртежи и затоа не е чудно што привлекува околу 1.75 милион посетители на годишно ниво. Секоја година се додаваат околу 3 милиони нови работи. За среќа, има доволно простор за да може да прифати повеќе од 1200 читатели и има полици со вкупна должина од 625 километри.

Луѓето од библиотеката тврдат дека ако еден посетител оди и секој ден разгледува 5 работи, тогаш ќе му требаат 80.000 години за да ја разгледа целата колекција. Таму се наоаѓа и „Дијамантот Сутра“, односно најстарата испечатена книга според досегашните сознанија и често е изложена во галериите на библиотеката. Таму исто така можете да ѕирнете во еден од најзначајните историски документи на сите времиња, „Магна Карта“, а љубителите на музиката можат да најдат рачно напишани стихови од Битлси.

'Sitting on history'
(Скулптура во дворот на Британската библиотека во Лондон)

Можеби ова ќе ве изненади, но што се однесува на староста, оваа библиотека и не е толку стара, доколку земеме предвид колку постари библиотеки постојат. Основана е во 1973 година како резултат на Законот за британска библиотека кој бил изгласан во 1972 година. Тоа е најголемата јавна зграда која е изградена во Велика Британија во 20-тиот век и нејзиниот модернистички стил е се уште контроверзен и побудува различни дискусии.

Оваа библиотека е отворена за сите посетители. Ако имате прилика да одите во Лондон, појдете таму и уживајте во изложените ракописи кои се стари и со векови. Меѓу нив се ракописите на „Беовулф“, „Џејн Ер“, итн.

Замислете се себеси како шетате низ тие полици кои содржат толку стари книги и ракописи. Вистинска храна за душата!

Извор.

Leave a comment