Истражувачите велат дека сите приказни може да се категоризираат во 6 групи!

Дали некогаш сте помислиле дека две книги се речиси исти? Ова дежа ву не е само во вашата глава!

Истражувачите од Универзитетот во Вермонт ги мапирале сентименталните флуктации во повеќе од 1700 книги. Со следење на емотивните промени во приказните, тие забележале генерална линија на движење за секоја книга. Тие откриле дека емотивниот тон во повеќето книги може да се категоризира во 6 различни категории:

1. „Од дно кон врв“: Бавен раст
2. „Од врв кон дно“ или „Трагедија“: Бавно паѓање
3. „Човекот во дупката“: Пад – Раст
4. „Икар“: Раст – Пад
5. „Пепелашка“: Раст – Пад – Раст
6. „Едип“: Пад – Раст – Пад

Истражувачите велат дека секоја книга може да има своја уникатен и комплексен заплет и структура, но емотивното патување ги става овие специфични приказни во овие категории. Ова е лесно да се види: Повеќето суперхерои ќе влезат во категоријата „Човекот во дупката“, додека пак повеќето негативци ќе ја следат спротивната траекторија, „Икар“, без оглед на нивните заплети.

14095851_10153880120353379_7353162754714936098_n

Ендру Реган, водачот на истражувањето, вели: „Искрено, за мене лично, приказните се фасцинантна работа. Ние ги употребуваме секојдневно за да си го дефинираме сопствениот идентитет и оригиналната теза на Вонегат беше инспирација  за ова истражување.“ Истражувачите му дале признание на авторот на „Кланица 5“ во нивното истражување: „Вонегат наоѓа неверојатна сличност помеѓу „Пепелашка“ и изворната приказна на христијанството во Стариот завет, наведувајќи не’ да ги истражуваме сите овие групирања.“

За да ги пронајдат овие шаблони, истражувачите избрале книги на англиски јазик кои имале помеѓу 10.000 и 200.000 збоови и кои имале повеќе од 150 симнувања од вебстраницата на „Проект Гутенберг“ која нуди бесплатно симнување на е-книги.

Во иднина, Реган сака да направи подобра анализа за да ги фати сите чувства во секоја реченица. Тој се надева дека ќе може да и направи споредба помеѓу траекториите на заплетите.

Кој е омилениот емоционален ролеркостер на Реган?

„Секогаш уживам во добра приказна за послабиот и потценетиот, а тоа најчесто соодветствува со категоријата „Од дно до врв“.

Статијата во целост можете да ја прочитате тука.

 

 

Leave a comment