Книгите и вие: Кратка љубовна приказна…

Разбудете се, кажете и „Добро утро“ на вашата книга. Бакнете ја корицата. Кажете и на книгата дека би сакале да ја читате сега, но дека ќе се вратите набргу и дека ветувате дека ќе ја прочитате подоцна.

Мислете на вашата книга. Колку сте багодарни што ја имате во вашиот живот. Како ви помага да ги надминете и најтешките денови и дека понекогаш тоа е она што ве тера да продолжите понатаму. 

Одете до книжарница. Разгледувајте книги, но мислете на книгата која го има вашето срце. Потсетете се колку сте среќни што ја имате книгата во вашиот живот и дека ќе ви недостига кога ќе а завршите. Треба да одолеете на искушението да купите друга книга. Но, не и кажувајте на книгата ако купите друга. Не мора да знае. Се додека ја завршите прва, која е штетата?

522255555-13

И тогаш, нешто е погрешно. Веќе не се поврзувате со книгата како порано. Нешто се промени. Дали книгата знае? Се разбира не. Направена е од хартија. Но, вината ве преплавува. Се решавате да се ослободите од товарот. Го тргате обележувачот и  тоа е една од најтешките работи кои сте морале да ги направите. Но, така е најдобро. Ветувате дека еден ден, вие и книгата ќе продолжите онаму каде што застанавте. Болно е, но мора да видите како ќе ви оди со другата книга. Ја ставате книгата назад на полицата.

Ја прегрнувате книгата, колнејќи се дека е единствена. Не, не постои друга книга. Тоа е дамнешна историјата. Готово е. Не можете да дочекате да видите што ве очекува вас и вашата нова книга.

Но, нешто не е во ред. Почнува да ви недостига старата книга. Новата книга беше нешто ново и возбудливо, но, ви недостасува сигурноста со старата книга. Секако, старата книга не беше совршена, но вие две премногу добро се знаевте, нели? Не ја разбирате новата книга. Не знаете како да се справите со нејзините маани. Можеби старата книга беше вистинската книга за вас.

По долго размислување, се смирувате со старата книга. Малку бевте чудни, но сфативте кои ви се приоритетите. Сега сте различна личност и подготвени сте повторно да се впуштите во авантура со старата книга. Книгата ве прифаќа и ви простува. Секогаш го прави тоа. Затоа што е добра и простува и затоа што нема слободна волја, па едноставно мора.

Leave a comment