Во последните неколку години, навистина е тренд да се охрабруваат младите луѓе да читаат книги и повеќе да се насочуваат кон културни настани. Италијанската влада се приклучи кон овој тренд со сопствена иницијатива.
Сите Италијанци кои ќе наполнат 18 години во период од 3 ноември 2016 и 31 декември 2017 година (со можност за продолжување на оваа акција) можат да поднесат барање за добивање 500 евра кои можат да ги потрошат на културни активности и работи. Ова е дел од иницијативата на италијанската влада да ги збогати животите на своите граѓани.
Сумата може да биде побарана преку апликацијата наречена „18ап“ и може да биде потрошена на книги, карти за концерти, карти за кино, посети во музеи, екскузрии во национални паркови и слично.
Целата оваа иницијатива ќе ја чини италијанската влада 290 милиони евра, но парламентаниот подсектретар Томасо Наничини кој ја спроведува целата шема, верува дека овие пари ќе бидат добро потрошени.

Тој изјавил: „Иницијативата праќа јасна порака до сите млади луѓе, потсетувајќи ги дека тие ѝ приѓаат на заедница која ги пречекува со отворени раце кога ќе почнат да созреваат. Исто така ги потсетува колку е важно културното надоградување: и за личното збогатување на поединецот и за зацврстување на темелите на нашето општество.“
Апликацијата мора да биде симната пред крајот на годината, дури и ако роденденот на корисникот е во 2017 година и во неа може да се најдат ваучери издадени од Министерството за култура на Италија и кои подоцна треба да се испечатат и поднесат до надлежните институтуции.
Наредната година, слична иницијатива ќе биде спроведена и помеѓу професорите, давајќи им 500 евра за развој на нивната кариера.
Што мислите за оваа иницијатива? Зарем не мислите дека би било прекрасно да видиме нешто слично и во Македонија?
