Како што се ближи декември и новогодишните празници, така и книжевната сцена во Македонија станува се побогата и поинтересна за читателите. Па така, доколку сте во потрага по нешто интересно и секако доколку сакате нешто ново за читање, од денес (07.11) до 17 ноември во книжарницата „Култура“ на улица Македонија ќе се одржи традиционалниот ноемвриски саем каде што ќе имате прилика да се подновите со нови наслови, да се дружите со македонски автори и уште многу нови изненадувања

На официјалниот настан на Фејсбук се вели дека посетителите можат да очекуваат многу попусти, дружења, промоции на најновите книги на македонски автори и уште многу други изненадувања. На настанот можете да видите и дел од програмата, како и останатите новости и активности на саемот.
*Сликата е преземена од официјаниот настан на Фејсбук
