Чед Мајкл Муреј ќе издаде книга!

Чед Мајкл Муреј, актерот во кого беа вљубени сите тинејџерки во раните 2000-ти, ќе објави книга!

Чед Мајкл Муреј глумеше во серијата „One Tree Hill” и во тинејџерските комедии „Приказна за Пепелашка“, „Откачен петок“ и други хитови популарни помеѓу помладата генерација. Неговата руса коса и сини очи изнудуваат воздишки кај многу млади девојки во тој период.

Веќе извесно време тој е повлечен од светот на глумата, но сепак дефинитивно никој не очекуваше дека тој ќе стане писател!

Chad Michael Murray

Тој е ко-автор на книгата „Американски скитник“ заедно со пистелката Хедер Греам. Се работи за трилер кој има и доза романса во себе, а наводно книгата е базирана на сон на Муреј. Се очекува да излезе наредниот ноември.

Според сознанијата, приказната го следи животот на еден американски војник и неговите авантури во Рио де Жанеиро. Муреј дал изјава за списанието „ЈуЕс Магазин“ велејќи дека сонот којшто го имал бил толку реалистичен, што делувало како да е мува на ѕидот која следи се што се случува. Тој исто така бил во потрага по приказна која ќе им се допадне на младите и која ќе направи да ја почувствуваат леснотијата и возбудата за авантура.

Засега нема повеќе информации за книгата, но верувам дека наскоро ќе дознаеме повеќе.

Leave a comment