Во изработка е биографски филм за Џ.Р.Р. Толкин!

Одлична вест за сите обожаватели на „Господар на прстените“ и „Хобитот“! Се подготвува биографски филм за Џ.Р.Р.Толкин!

Продукциската куќа „Протагнист Пикчрс“ објави дека подготвуваат нов документарец кој ќе се вика „Средната земја“ и кој ќе го истражува животот и младите години на легендарниот британски писател!

tolkien

Филмот ќе ги истражува студентските денови на Толкен во Оксфорд, неговата врска со Едит Брат и можеби најважниот момент ќе биде за неговата воена служба за време на Втората светска војна, која била неговата главна инспирација за „Господар на прстените“ и „Хобитот“.

Засега е познато дека Ангус Флечер го има изработено сценариото, додека пак режисер ќе биде Џејмс Стронг, кој е познат како режисер на „Опатијата Даунтаун“.

Наводно долго време се работело на создавањето на овој филм, 6 години се вршеле архивски истражувања и лични интервјуа. Според она што досега е познато, овој филм ветува многу и ќе биде вистински подарок за сите обожаватели и на Толкин, но и на литературата!

Leave a comment