Македонска поезија: „Првата разделба“ од Петре М. Андреевски!

Денес е последниот ден од ноември, а времето надвор е навистина прекрасно. Сонцето во комбинација со свежото ветре е навистина романтично, па и затоа најсоодветно за споделување на прекрасни македонски стихови. Денес изборот падна на „Првата разделба“ од легендарниот Петре М. Андреевски. Уживајте! Ви посакувам прекрасен, романтичен, сончев ден!

Првата разделба – Петре М. Андреевски

Возот се задеваше со предишените полиња,
жеравите се престројуваа над мојата глава,
но во сè што ќе видев, во сè што ќе помислев,
во сè што ќе допрев беше и таа замешана.

Оставен, како развенчана змиска кошула,
ги колнев сите краишта што нејзе ѝ ги посветив
и сите нови места што ме среќаваа без неа.

Ушите ми гореа за да знам дека ме споменува,
но сетилата му се противеа на придојденото време
и тој ден траеше подолго од сите минати години.

Колку ја барав подалеку, толку поблиску ја пронаоѓав
(како што можев да ја изгубам и кога ја држев за рака)
и солзата што подалеку кај неа се растураше
во мене веќе почнуваше да се збира и составува

15240099_10154808184742229_99834617_n

Leave a comment