Стивен Кинг, мајсторот за хорор приказни и мистерии, човекот што ја напиша„Сјаење“ и уште многу други книги кои се сметаат за класици во светот на хоророт и страшните приказни, издаде книга за деца.
Верувале или не, но тоа е вистината.



Она што е уште поинтересно е тоа што тој ја издава оваа книга под псевдонимот Берил Еванс. Ова име го носи ликот од книгата „Депонија“ која е дел од книжевниот серијал на Стивен Кинг, „Мрачна кула“.
Кога сме веќе кај „Мрачна кула“, во 2017 година ќе излезе филм според овој серијал и во него главна улога ќе има Идрис Елба.
„Чу-Чу Чарли“ прв пат беше изложена Конференцијата за стрипови во Сан Диего. Кој би помислил дека Стивен Кинг би тргнал по овој пат? И што е уште поинтересно, морничава е како што би очекувале од него! Тоа го покрена и прашањето: „Дали е навистина соодветна книга за деца?“.
Книгата ги следи авантурите на инженерот Боб кој има своја тајна. Моторот на неговиот воз, Чу-Чу Чарли е жив… и е негов најдобар пријател. Чу-Чу Чарли е приказна за пријателството, лојалноста и напорната работа.
Книгата за прв пат излезе во продажба на 22 ноември и е достапна на Амазон, а се надевам дека ќе биде достапна и во македонските книжарници.
