Забавни и интересни факти за книжевноста!

Книжевноста и книгите се прекрасни и толку многу важни за човештвото, затоа што нè учат на многу работи кои инаку не би можеле да ги знаеме. Ако сте љубител на книги тогаш не ги сакате само книгите, туку и фактите околу книгите и нивните писатели кои можат да бидат подеднакво интересни како и самите книги.

За денес собрав неколку интересни факти за книжевноста и за книгите кои би можеле да ви бидат забавни.

Д-р Сус ја напишал „Зелени јајца и шунка“ откако бил предизвикан да напише книга користејќи помалку од 50 различни зборови.

Иако за ова нема конкретни докази, сепак речиси сите експерти и познавачи се согласуваат дека првата книга којашто е напишана на машина за пишување е „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен.

Патот „М6 Тол Роад“ (Автопат во Англија) бил изграден врз 2.5 милиони смачкани изданија на љубовни романи од Милс и Бун.

Стинг ја напишал песната „Every Breath You Take“ на истата работна маса на која Ијан Флеминг ги напишал книгите за Џејмс Бонд. Работното биро се наоѓало во вилата „Флеминг“ во Јамајка.

Најстрасни читачи се жителите на Индија кои во просек неделно читаат 10.7 часа.

Билбо Багинс бил роден на 22 септември 1290 година.

Old books

Франк Баум го именувал Оз според кабинет за складирање на папки кој стоел во неговата канцеларија. Едниот кабинет бил обележан „А до Н“, а другиот „О до З“ (според англиската азбука, м.з).

Целата заработка од „Петар Пан“ на Џејмс М. Бери била донирана на болницата за деца „Грејт Ормонд Стринг“.

Кога бил ученик, Роалд Дал бил дегустатор на чоколадо за „Кедбери“.  Дали можеби ова било инспирација за „Чарли и фабриката за чоколади“?

Првата купена книга на Амазон била „Флуидни концепти и креативни аналогии: Компјутерски модели на фундаменталните механизми на мислата“.

Првата јавна библиотека во Америка била отворена во Чарлстон, Јужна Каролина, во 1698 година.

Мурасаки Шикибу го има напишано првиот роман во историјата, „Приказната на Генџи“, некаде околу 1008 година.

Првата книга која е испечатена на англиски јазик била книгата „Приказ на историјата на Троја“ од Вилијам Кекстон.

Најчитаните книги во светот се:

1. „Светата Библија“
2. „Мисли од претседателот Мао Це Тунг“
3. Серијалот „Хари Потер“

 

Leave a comment