Промоција на романот „Крвава месечина“ од Катерина Шошко!

Може да се каже дека 2016 година беше навистина добра година за нашите млади македонски писатели и писателки! Од година на година, се чини дека се повеќе млади надежни писатели и писателки го пронаоѓаат своето место на македонската книжевна сцена! Затоа и треба да ги поддржуваме да продолжат со пишување и збогатување на македонската книжевност!

Оваа среда (21 декември), во кафулето „Винил“ (спроти Соборна црква), со почеток од 19:30 часот ќе се одржи промоцијата на дебитантската книга „Крвава месечина“ од Катерина Шошко. Книгата е во издание на „ИЦ Слово љубве – Буквибукс“.

15380743_10206469910181285_5221279249452384454_n

Станува збор за книга трилер која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Како што е наведено и во најавата на настанот на Фејсбук:

„Ова е роман што се занимава со оние нешта што се секогаш некако на мал чекор од нас, оние нешта што за влакно не се случуваат, ова е роман на афектот, роман на животот кога би ѝ се препуштиле на темницата што ни паѓа пред очи во силните напливи на вознемиреност.“

Цврсто верувам во поддржување и охрабрување на македонските писатели и писателки и затоа ве поканувам сите заеднички да и дадеме поддршка на Катерина! Македонската книжевност ќе добие уште дело кое ќе остане и за следните генерации! Се гледаме таму!

Линк до официјалниот настан на Фејсбук

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment