„Дон Кихот“ е една од најдобрите книги во историјата за западната литература. Напишана во 15 век, таа е првата книга која го исмева витештвото. Дон Кихот е човек обземен со приказните за витезите и заедно со неговиот другар Санчо Панса одат во потрага по возбудливи авантури. Поради неговите фантазии, тој оди низ светот чувствувајќи се непобедливо, за во речиси истиот момент да биде истепан и физички и психички.

Оваа книга е за борбата помеѓу идеалите и реалноста, како и за борбата помеѓу здравиот разум и лудилото. Дон Кихот и Санчо Панса се класично комично дуо: здравиот лудак и мудрата будала. И до ден денес го гледаме влијанието на оваа книга и ова дуо во филмовите и литературата.
Иако еднаш имаше неуспешен обид за телевизиски филм, Дизни сепак реши да се обиде уште еднаш и да направи екранизација на „Дон Кихот“. Сѐ уште нема новости за режисерот и главните актери, но Дизни потврди дека подготовките се при крај!
Верувам дека очекувањата ќе бидат големи!
