Љубителите на книги се меѓу најинтересните луѓе кои ќе ги запознаете. Преку приказните тие влегуваат во нови светови и секогаш имаат интересно нешто да споделат со останатите луѓе.
Бидејќи сме сите во предновогодишно расположение, денес споделуваме вистини и факти кои треба да ги знаете за љубителите на книги:
1. Нашите полици секогаш се преполни со книги и најчесто хаотични.
2. Можеме со часови да седиме во книжарници и библиотеки.

3. Не излегуваме од дома без книга.
4. Секогаш кога читаме книга ни доаѓаат нови идеи кои мораме да ги споделиме со другите.
5. Скоро сите работи кои ги собираме по дома се поврзани со книги.
6. Речиси секогаш ја читаме книгата пред да излезе екранизацијата. И да, секогаш ќе мрчиме за тоа дека книгата е подобра од филмот.

7. Ги препрочитуваме омилените книги затоа што прават да се чувствуваме добро.
8. Обожаваме да запознаваме нови луѓе кои сакаат книги, бидејќи со нив можеме со часови да зборуваме за книгите кои сме ги читале и чудно ни е кога ќе запознаеме некој кој не сака книги.
