Пред речиси две години, на блогот беше објавено дека BBC планираат нов проект за промовирање на книжевните бисери, а на нивниот тапет се најде животот на сестрите Бронте.
По две години, проектот конечно ја виде светлината на денот, а критиките се и повеќе од добри! Драмата режирана и создадена од Сели Вејнврајт ја имаше својата премиера на 29 декември 2016 година. Двочасовната драма се вика „Невидливо да чекориш“ и ги раскажува последните 3 години од животот на сестрите кои ќе го освојат целиот книжевен свет.

Улогите ги толкуваат: Фин Аткинс како Шарлот, Клое Пири како Емили, а Чарли Марфи ја игра Ен, сестрата која можеби и најмногу остана во сенка во споредба со нејзините две сестри. Сите три сестри првично пишувале под машки псевдоними: Елис, Актон и Курер Бел.
Една од сцените кои највеќе се издвојуваат според критичарите и оние коишто го гледале филмот е сцената кога Шарлот Бронте оди во Лондон за да се сретне со нејзиниот издавач Џорџ Смит (Лук Њубери) за да му докаже дека навистина е жена, бидејќи тој се сомневал дека жена може да биде авторка на книга каква што е „Џејн Ер“.
Погледнете го трејлерот и не пропуштајте ја оваа изворедна драма! Секоја чест за BBC и Сели Вејнврајт!
