Погледнете го морничавиот трејлер за екранизацијата на „Приказна на робинката“!

Оваа година, Македонија имаше чест да и биде домаќин на канадската поетеса и писателка, Маргарет Атвуд која оваа година го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Освен нејзината поезија, таа е многу позната и по својата проза. Едно од нејзините најпознати и најфалени дела е „Приказна на робинката“, за коешто исто така пишував на блогот.

„Приказната на робинката“ е една од најпопуларните книги кои обработуваат авторитарно и тоталитарно општество коешто целосно е под контрола на властите. Таа е една од најзначајните дистописки книги кои извршиле големо влијание во културата и книжевноста.

05-alexis-bledel-handmaids-tale-w529-h352

Се работи за навистина мрачна и тешка книга која ни зборува за едно тоталитарно општество, свет во којшто владее христијанска теократија, чии лидери ја наметнале со тоа што направиле државен удар и ја преземале контролата врз Америка и нејзините граѓани. Приказната е раскажана од перспективата на една робинка, која се сеќава на периодот пред да падне мрак во општеството и којашто сонува за нејзиниот стар живот и се бори да го запамети нејзиниот идентитет и она што е.

Обожавателите на Атвуд и на книгата сигурно ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека компанијата Хулу (нешто слично на Нетфликс) ќе продуцира серија базирана на книгата. Засега се предвидени 10 епизоди од првата сезона, а не е прецизирано дали и како би се продолжило со серијата.

Премиерата на серијата е закажана за 26 април, а главните улоги ги играат Елизабет Мос и Алексис Бледел. Атвуд е ангажирана како консултантски продуцент на серијата, со цел таа да биде што е можно поверна на книгата.

Во продолжение погледнете го првиот трејлер за серијата, кој иако е краток, сепак наговестува дека ќе гледаме квалитетен производ!

https://youtu.be/Dre0wQmLGe8

Leave a comment