Колку книги се издадени досега?

Кога Јоханес Гутенберг ја измислил машината за печатење во 1440 година, тој не можел да предвиди дека неговиот пронајдок ќе води кон создавање на глобална индустрија која печати и создава милиони книги на годишно ниво.

Во вековите по пронаоѓање на машината за печатење, нови книги продолжуваат да се издаваат, додека старите книги се насобираат, па така човекотт кој рачно ја ставал секоја буква, не можел ни да замисли колкав број на книги се тоа. И покрај тоа што пребројувањето на индивидуалните текстови кои ги има во книжарниците, јавните библиотеки и приватните колекции низ светот може да биде сизифовска задача, сепак можеби и постои начин барем да се добие приближна бројка за тоа колку оригинални книжевни наслови биле издадени досега.

tumblr_static_arno9v6el3c44ok8kow40woc0_640_v2

При обидите да се определи колку книги постојат, прво се покренува едно навидум едноставно прашање: „Што всушност е книга?“ Ова многу лесно може да се претвори во философска дебата и не постои едностран одговор на ова прашање. Тимот којшто стои позади Гугл Букс,  (чија амбициозна цел е да го дигитализира целиот испечатен материјал, дозволувајќи пристап до целото светско знаење преку една единствена дата база) при нивните обиди да ја решат оваа дебата, во 2010 година дошле до сопствена дефиниција.

Она што тие го нарекуваат „том“ се состои од „идеализиран врзан волумен“, покрива спектар од најпродавани романи кои можат да се најдат на киосците на секој аеродром, изданија со кожени корици кои се надвор од продажба, до еден каталогизиран ракопис на нечија докторска дисертација која мирно стои непрочитана во збирките на универзитетот.

На прв поглед, оваа дефиниција е иста со концептот на International Standard Book Numbers (ISBN), универзалниот идентификатор за сите книги на книжевниот пазар. Но, ISBN постои од средината на 60-тите години на 20 век и се уште треба да биде пошироко прифатен во понеразвиените делови во светот, па затоа ако се потпираме само на ISBN, тогаш огромен дел од издадениот материјал во светот ќе биде изоставен.

Library books

Дури и ако се користат, процесот на доделување на ISBN броеви не е баш нешто ригорозен, па затоа и многу работи како аудио-книги, ДВД со инструкции и слично добиваат вакви броеви. Потпирањето исклучиво на ISBN за да се определи бројот на издадени книги нуди матен и незадоволителен одговор.

И други институции се обиделе да ги стандардизираат нивните книжевни каталози, меѓу нив се WorldCat и Конгресната библиотека, но овие бројки имаат уште поголема веројатност да бидат дуплирани и на истите книги да им се даваат различни броеви поради различните правила за каталогизирање. Не може да се потпреме ниту на наслови, имиња на писатели и издавачки куќи, затоа што човечката грешка при транскрипција на тие информации во дата базите исто така може да води кон дупликати.

Успехот на обидите на Гугл Букс во решавање на овој проблем ги зема предвид сите овие работи и ги користи за вкрстување на речиси милијарда сирови записи од 150 различни вршители на услуги за да го стеснат кругот и да добијат по еден наслов и издание од една книга.

tumblr_static_book_thief

Откако ги отфрлиле сите претпоставени дупликати, имало уште записи од работи кои не се книги, вклучувајќи два милиони видеа, два милиони мапи и сонда од мисирка која некогаш била додадена на каталог во библиотека како зафрканција за Ден на шегата. Откако се се завршило, Гугл Букс дошле до бројката од вкупно 129,864,880 книги.

Но, како што би рекле на рекламите за Топ-Шоп: НО, ТОА НЕ Е СЕ!

И покрај најдобрите обиди на Гугл, нивниот алгоритам не успева да земе предвид некои многу важни фактори: Не само што нивната пресметка е застарена, одејќи назад до 2010 година, но оваа пресметка е направена пред неодамнешниот пораст на само-објавувањето, особено во дигитален формат.

Иако ISBN се препорачува за сите наслови, тие не се потребни за само-објавени дела кои излегуваат на повеќето пазари за е-книги и не постои сигурен систем за нивно следење и пребројување. Како што се  повеќе се зголемува популарноста на само-објавувањето, со речиси половина милион наслови издадени во 2013 година, алгоритамот на Гугл Букс само се оддалечува од реалноста.

tumblr_n92tzsxrw11thwa9so1_500

Додека Гугл не ја надгради својата методологија, ако ништо друго можеме да направиме екстраполација со податоците коишто ги имаме за да добиеме поточна бројка на издадени книги до 2016 година. Иако ова се подвижни информации и се потпираат на ISBN, сепак ќе се обидеме да дојдеме до некоја заокружена бројка.

Според Боукер, организција која е одговорна за следење на сите нови ISBN во САД, во периодот помеѓу 2011 до 2013 година имало околу 1 милион нови наслови (и можеби некои повторно издадени книги)

Статистиката покажува дека САД произведуваат околу 40% од целиот испечатен материјал на светсо ниво. По таа логика може да се претпостави дека сличен е процентот и за непечатен материјал. На тој начин е возможно да се добие бројка за книжевното производство на светско ниво којашто изнесува околу 2,267,265 нови книги издадени во периодот помеѓу 2011 и 2013 година.

Малку е потешко да се дојде до понови релевантни информации, па затоа најдобриот начин да се пополни празнината помеѓу 2013 и 2016 година е да се направи просек од производството на книги во последните три години (755.755 нови наслови во светот на годишно ниво) и да се додаде на вкупната бројка во 2013 година.

Кога ќе се направи проста математика, изгледа дека најниската можна граница за бројката на издадени книги до половина на 2016 година е вкупно 134,021,533!

Фина бројка, нели?

Извор.

Leave a comment