Денес започнува традиционалниот Саем на книга во Матица!

Денес, 20-ти јануари, во книжарницата Матица започнува традиционалниот зимски Саем на книга „Книга во секој дом“. Саемот на книга организиран од Матица традиционално се одржува секоја зима и е вистински празник за сите љубители на книги. Оваа година, Саемот на книга во Матица ќе трае од 20 – 31 јануари.

baner_kniga_vo_sekoj_dom_1

Како и секоја година, читателите ќе имаат можност да ја збогатат својата домашна библиотека со богатиот избор на книги кои ги нуди Матица, без оглед на тоа дали се работи за домашна или странска литература.

Како и секоја година, така и оваа очекувам да има големи редици и гужви во Матица во овој период и тоа ме радува мене како љубител на книги затоа што тоа само го потврдува мојот став дека Македонците сакаат да читаат и уживаат во пишаниот збор!

Затоа, подгответе ја вашата листа и упатете се кон Матица за да ја подновите вашата домашна библиотека!

За повеќе новости и понудени изданија, следете ја нивната страница на Фејсбук.

Leave a comment