Ѕирнете во белешките на Џорџ Орвел за „1984“!

„1984“ е едно од најпознатите дела во историјата на светска книжевност. Досега неколку пати сме зборувале за книгата на блогот.

Нема потреба од големи најави за оваа книга, нејзиното наследство е толку големо што е доволно да се спомене нејзиното име и веднаш морници не’ полазуваат. Затоа, сосема е природно што луѓето се интересираат за секој детал поврзан со книгата, вклучувајќи го и процесот на пишување и создавање на книгата.

Денес ќе имате можност да ѕирнете во белешките на Орвел за „1984“, кои веројатно ги користел во различни периоди од неговиот живот и во кои ги запишувал своите идеи за книгата.

Орвел неколку години работел на идејата за создавање на дистописка книга. Овие страници кои можете да ги видите подолу се дел од првичната верзија на „Последниот човек во Европа“, првичниот наслов за кој Орвел бил заинтересиран.

Белешките содржат листа на зборови и теми кои треба да се внесат, помеѓу кои можат да се забележат некои од најзабележливите концепти во „1984“ како што е Новоговорот и серијата на слогани „Војната е мир. Незнаењето е сила. Слободата е ропство.“

На втората страна, можеме да ги видиме темите кои Орвел планирал да ги развие, вклучувајќи ја убедливоста на  државната пропаганда и нејзините ужасни последици или како што Орвел вели, „кошмарот кој се појавува поради губењето на објективната вистина.“

ucl-george-orwells-literary-oa_b1_35

ucl-george-orwells-literary-oa_b1_36

Извор.

Leave a comment