Дали сте слушнале за Друштвото на сини чорапи?

Основано од Елизабет Монтагу, Елизабет Виси и уште неколку жени во раните 50-ти години на 18 век, Друштвото на сини чорапи било група за книжевни дискусии за жени, која се спротиставувала на традиционалните активности што се очекувале од жените.

Ова друштво било отворено и за мажи и за жени, а се претпоставува дека името дошло благодарејќи на ботанистот, преведувачот и издавачот Бенџамин Стилингфлит за кого се верувало дека бил толку сиромашен што не можел да си дозволи формално облекување (кое вклучувало црни свилени чорапи) и затоа носел сини волнени чорапи. Овој неформален однос кон облеката на учесниците само го претставувало генералниот етос на друштвото, фокусирајќи се разговорот наместо на изгледот.

Во време кога само мажите оделе на универзитет, а од жените се очекувало само да шијат, да играат карти и се сметало недолично да знаат грчки или латински јазик, а било скандалозно и незамисливо да бидат писателки, Друштвото на сини чорапи бил револуционерен чекор за жените.

Ова друштво било сосема неформално во своите состаноци и немало некои строги правила освен тоа дека не се дозволени муабети за политика и дека сите дискусии и дебати треба да се вртат околу книжевност и уметност. На систе состаноци се служело чај и бисквити заедно со друго лесно освежување. Иако оваа група претежно била составена од привилегираниот дел од општеството во кој жените биле малку повеќе образовани и имале помалку деца од оние кои доаѓале од посиромашните општествени кругови, сепак се смета за важен чекор кон рамноправноста на жените.

(Елизабет Монтагу, основачка на Друштвото на сини чорапи)

Во една статија во „Њујорк Тајмс“ објавена на 17 април 1881 година, Друштвото на сини чорапи било опишано како „движење на жените против пороците и страста кон коцкањето“, кое било главна форма на забава во повисоките општествени кругови. Во статијата се вели: „Наместо да ги следат трендовите и модата, г-ѓа Монтагу и нејзините пријателки г-ѓа Боскавен и г-ѓа Виси, кои исто како неа биле недопрени од оваа злобна страст, биле решени да се спротистават на универзалната тиранија која го опседнувала животот и удобноста на богатите до степен на исклучување од секоја форма на интелигентно уживање и основале друштво во кое разговорот треба да ги победува картите.

Членовите на Друштвото на сини чорапи често меѓусебно се поддржувале и охрабрувале во нивните книжевни авантури и постоењето на ова друштво на многумина им овоможило да започнат кариера како писатели и да објавуваат книги. Со промена на општественото гледање на жените се променила и популарноста на Друштвото на сини чорапи, но неговото постоењо сосема запрело во почетокот на 19 век, по смртта на неговите основачки Елизабет Монтагу (25 август 1800 година) и Елизабет Виси (1791 година).

Leave a comment