Хајнрих Хајне: Поетот кој се бореше против палење книги!

Во 1823 година, Хајнрих Хајне напишал: „Dort wo man Bücher verbrennt, verbrennt man auch am Ende Menschen“ или „Онаму каде што се палат книги, на крај ќе се палат и луѓе“. По повеќе од еден век, во 1933 година, младите нацистички студенти во Германија низ целата држава организирале палење книги за да се „елиминира надворешното влијание“. Како што оваа мисла точно предвидела, наскоро по палењето книги, започнало и прогонувањето и масовните убиства врз Евреите, а тоа на крај водело до Холокаустот.

66514-004-daaa31cd
(Хајнрих Хајне)

Зошто треба да ви е важно?

Палењето книги не изгледа како голема работа. Имаме многу книги, а сега имаме и интернет. Но, импликациите од палењето на книгите оди многу подалеку од физичкото дејство на палење на некој запис. Горењето книги е можеби најстарата форма на цензура и истото може да сигнализира многу поекстремни дејства во иднина.

Како потсетник за нешто што веќе го знаете, злосторствата од Холокаустот не започнале кога луѓето биле испратени во Аушвиц. Цензурирањето на надворешни влијанија во нацистичка Германија на Адолф Хитлер била само предвесник на она што следувало подоцна. Кога режимот на Хитлер ја запоседнал Германија, државните комитети почнале да ја цензурираат германската култура и почнале да создаваат пропагандистички кампањи во државата.

Меморијалниот музеј на Холокаустот во САД смета дека почетокот на Холокаустот е во 1933 година, годината кога било организирано палењето книги низ целата држава. Палењето книги претставувало уништување на идеи од групи кои според Хитлер не биле дел од „ариевската раса“. И онаму каде што се случува екстремно цензурирање на идеи и влијанија, ќе се случи и екстремна дискриминација и угнетување.

16792630_303
(Нацистите горат книги, 10 мај 1933 година)

Зошто е ова значајно?

Хајнрих Хајне бил контроверзен поет во неговото време (1797-1856), поради неговите радикални идеи, особено во неговата татковина, Германија. Оваа конкретна мисла („Онаму каде што се палат книги, на крај ќе се палат и луѓе“) е уште поморничава земајќи предвид дека во тоа време антисемитизмот бил во пораст, а и самиот Хајне бил Евреин.

Уште поважно, оваа мисла е многу повеќе од историска лекција. Иако палењето книги има долга историја, за жал, ваквите дејства не се сосема останати во минатото. Само колку за пример, Исламската држава (ИД) привлече внимание откако масовно палеа книги во 2015 година. И додека можеби мислите дека овие дејства се подолу на листата на работи за кои треба да се грижите, како што историјата ни покажала, тие секогаш се предвесникот за нешто сериозно и монструозно.

Извор.

Leave a comment