Кои македонски книги ги читаше Кафе и книги во јануари?

Започна февруари, а тоа значи уште еден месец полн со нови можности за нови книги. Во изминатиот период слушав критики од луѓе дека на македонската книжевна сцена недостасуваат добри македонски романи, со што силно не се согласувам, па затоа решив јануари да го посветам на читање македонски романи од македонски писател(к)и и да напишам некој збор и препорака за нив.

ef556fc4b89793adc554285b2191d63f

Листата со наведени книги ви гарантирам дека нема да ве разочара и ако сте посакувале да пронајдете добар македонски роман, тука можете да го изберете вашето следно четиво. Овие книги се доказ дека Македонија е преполна со таленти и прекрасни писатели кои имаат прекрасни приказни за раскажување и верувам дека со вакви писателски умови, на Македонија никогаш нема да ѝ недостасуваат добри романи.

Затоа и во иднина ќе се потрудам да препорачувам и да претставувам повеќе македонски романи, бидејќи цврсто сум убедена дека треба да ги поддржуваме нашите домашни автори!

На работ од времето“ – Моника Трајковска

472_7_20_10__21__10_2016d0bdd0b0d181d0bbd0b5d0b4d181d182d0b2d0bed182d0be20d0bdd0b020d0b2d0b5d180d0bed0bdd0b8d0bad0b0

Осврт: Љубителите на научна фантастика сигурно ќе се израдуваат од фактот што конечно во Македонија, книжевната сцена доби научнофантастично дело. Оваа книга е првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“ и го следи животот на младата Вероника која целиот нејзин живот го поминува скриена во нејзиниот дом, скриена од сите. По упадот во нејзиниот дом, каде по игра на среќа таа успева да остане заштитена, таа е оставена сама на себе, без да знае што им се случило на нејзините родители.

И покрај тоа што е исплашена, решава да ја открие вистината која била криена од неа со години. Како што судбината обично прави, таа во вистински момент открива едно цело ново „општество“, скриено и забрането, составени од луѓе кои знаат премногу и пркосат на веќе поставените правила. Таа полека почнува да открива многу нови работи, а и започнува да чувствува работи кои никогаш дотогаш не ги чувствувала.

Освен што е прв научно-фантастичен роман, јас би рекла и дека е прва дистописка книга, бидејќи општеството во коешто не воведува младата Моника Трајковска е темно, мрачно, строго контролирано, тоталитарно и полно со тајни. Оваа книга верувам дека особено ќе им се допадне на оние читатели на кои им се допаднала книгата „Делириум“. Топло ја препорачувам оваа книга и ветувам дека нема да се разочарате.

Стилот на пишување е многу лесен, па и самите страници ќе летаат под вашите раце.  Одличен роман, кој патем е номиниран и за роман на годината и тоа сосема заслужено. И се разбира дека со нетрпение го очекуваме и вториот дел, затоа што ликовите (особено Вероника) се многу допадливи и сакаме да знаеме што ќе им се случи следно!

Издавачка куќа: АНТОЛОГ

Исповеди на еден Психотичен Ум“ – Владмир Ристевски

412_57_16_16__12__4_2016psihoticen_um

Осврт: Ова е книга која покажува едно друго лице на животот во Скопје. Луѓе полни со суета, гордост и желба за докажување, кои поради сите овие работи ги уништуваат работите кои во суштина највеќе ги сакаат. Книга која покажува што значи кога ќе се спои емоционалната оштетеност со суетата и гордоста. Кога сето ова ќе го помешате со страв од осаменост и скриен копнеж по љубов се случуваат работите што ќе ги прочитате во книгата.

Самиот автор Владимир Ристевски напоменува дека ова не е приказна со среќен крај, ова е приказна од која можеби треба да извлечеме поука за тоа како не треба да чекориме низ животот и дека осаменоста и желбата да имаме некоја слика во општеството во суштина се најопасна комбинација за суштината на човекот.

„Исповеди на еден Психотичен Ум“ е роман кој во суштина има три различни приказни кои неизбежно водат кон истиот крај. Секоја приказна има различни, но сепак сличен сплет на околности, а воедно имаме шанса и да ѕирнеме во размислувањата на „Психотичниот ум“. Но, кој навистина е психотичниот ум, тоа самите морате да го дознаете.

Издавачка куќа: ТРИ

„Крвава месечина“ – Катерина Шошко

105_33_15_15__25__11_2016korica201

Осврт: Доколку некогаш сте искоментирале дека во Македонија нема добри книжевни трилери, тогаш слободно земете ја оваа книга во рака за да се разуверите. „Крвава месечина“ е еден од најдобрите модерни македонски романи кои излегле во последно време. Приказната е одлично разработена, ликовите се уверливи, комплицирани и човечни во насока на тоа дека се грижите што ќе се случи понатаму. Освен тоа, книгата навлегува во една многу тешка тема, а тоа е домашното насилство и верувам дека никој нема да остане рамнодушен на приказните на секој од ликовите.

Дејството се случува (во поголемиот дел од книгата) во измислениот град Андрин, кој, благодарејќи на мрачната нишка која преовладува во книгата, ме потсеќаше на Готам. Главениот лик е Луна, девојката од која секому би полазиле морници. Нејзината тешка животна приказна, помешана со нејзините гени и потекло, како и околностите во кои се наоѓа додека расте од нејзе создаваат ѕвер со чудна смисла за морал  и етика. Во нејзиниот ум има место само за одмазда. Болката и траумата ја заменува со желба за правда и целиот живот го посветува само на тоа.

Од друга страна ги имаме Ана и Габриел, мајка и син, кои и покрај сите удари кои им ги задава животот, не престануваат да се борат. Ана успева да застане на нозе по години и години физичко малтретирање, а Габриел се бори со општеството и неговите предрасуди. Сепак, минатото се враќа само за да им зададе дополнителни проблеми и да им го отежне животот и да ги врати назад во едно време кое тие попрво би го заборавиле.

И на крај тука се Дора и Кристо. Навидум прекрасен пар, таа млада и убава, тој моќен и успешен. Но, само Дора и Кристо знаат што се случува зад четирите ѕидови на домот. Како што растат апетите на Кристо и неговиот влез во политика, така и неговиот вистински карактер се повеќе излегува на површина и ви ветувам дека барем неколку пати ќе ви дојде да го удрите Кристо, бидејќи, да, толку многу е одвратен.

Се на се, одлична приказна, прекрасен роман, топло ви го препорачувам!

Издавачка куќа: СЛОВО ЉУБВЕ – БУКВИ БУКС 

Вишнова хроника“ – Фросина Пармаковска

754_50_37_16__12__11_201495

Осврт: „Вишнова хроника“ е еден прекрасен и шармантен роман, со меланхолично чувство кое се провејува на секоја страница и кое ќе направи самите да направите рекапитулација на сопствениот живот и на чувствата и сеќавањата кои можеби сте мислеле дека одамна сте ги заборавиле. Овој роман покажува дека она што ни се случува во најраната младост, засекогаш останува во нас и не дефинира како луѓе и дека доволни се само неколку мигови да останат врежани во нашиот ум кои можат со години да не прогонуваат.

За жал, истовремено покажува и дека она што за нас претставува највреден спомен кој љубоморно го чуваме од сите, некому може да биде само едно далечно и бледо сеќавање дека нешто се случило. Момент кој поминал и паднал некаде во заборав.

Можеби ќе ви биде малку потешко за читање на почетокот, со оглед на тоа дека романот има подолги реченици и се е во форма на раскажување, но откако ќе се навикнете, страните сами ќе си летаат и нема да сакате да престанете да ја читате додека не дознаете што се случило со Ана и дали нашиот херој од романот ќе го оствари она што го замислил.

Приказната е раскажана во прво лице, преку очите на нараторот, кој најпрво го опишува своето детство и безгрижни денови играјќи си со Ана и Виктор во едно село во близина на Демир Хисар, но потоа трагичната судбина ќе направи тие да се разделат. По многу години, нашиот јунак повторно се сретнува со Виктор и оттука започнуваат сите настани кои водат кон неизбежната судбина на главниот јунак.

Навистина со задоволство ја препорачувам оваа книга, чувството коешто ќе ви го даде додека ја читате книгата, ќе остане во вас уште долго откако ќе ја прочитате.

Издавачка куќа: ИЛИ – ИЛИ

Бездомникот со златен часовник“ – Верче Каранфилоска

695_11_3_12__12__8_2016d0b1d0b5d0b7d0b4d0bed0bcd0bdd0b8d0bad0bed182

Осврт: Ова беше една од најзборуваните книги за 2015 година и слободно можам да кажам дека сосема заслужено ја доби својата репутација и беше толку барана и читана книга. Приказната пред се е необична, интересна и комплетно ќе ве внесе во светот на семејството Карови и судбината на Коста. Приказна преполна со чувства и прекрасни мисли, стилот на пишување е одличен и додека да трепнете ќе сфатите дека сте стигнале до половина на книгата, а нема ни да забележите кога ќе стигнете до нејзиниот крај.

Книгата ја следи приказната на Коста и ја кажува неговата страна на работите. Коста е бездомник кој целиот живот го поминал на улица заедно со неговиот татко кој бил и алкохоличар. Тој бил далеку од совршен, но бил се што Коста имал во животот и кога татко му починува, тоа е голем удар за Коста  кој и онака не бил многу гален од животот.

Тој случајно се наоѓа на вистинското (или погрешно, тоа сам ќе си процени читателот) место, во вистинското време и му го спасува животот на Валентин Каров, важен и влијателен човек во општеството. Валентин му е многу благодарен за тоа и почнува да му помага. Отпрвин тоа е храна, облека и по некој денар, но наскоро му нуди работа во неговата компанија и дом во куќарката на неговиот имот. Одеднаш животот на Коста вртоглаво се менува и од бездомник станува човек со покрив над глава и храна на маса.

Наскоро Валентин му дава предлог на Коста да се преправа дека е финансиски директор на фирмата и дека треба само да се појавува на работа. Коста наивно прифаќа, без да знае за што се работи. Тогаш Коста сфаќа колку е чуден и комплициран тој свет на богатите и наскоро ќе посака да не биде дел од сето тоа.

Од се срце ви ја препорачувам оваа книга, во која верувам дека ќе уживате во секоја страна како што уживав и јас.

Издавачка куќа: МАТИЦА

One comment

Leave a comment