Библиотерапијата е прекрасна и навистина може да ви помогне!

Ах, тие прекрасни моќи на книгите и идеите кои се вметнати во нив! Книгите одново и одново го менуваат светот каков што го знаеме. Помислете само на „Република“ на Платон, „Капитал“ на Карлс Маркс, „Богатството на народите“ од  Адам Смит или „Правата на човекот“ од Томас Пејн. Овие книги содржат идеи кои со векови го обликувале човечкото искуство. Понекогаш на подобро, понекогаш на полошо, но не може да се негира моќта на книгите да предизвикаат промени на макро-ниво.

Но, она што ги прави книгите навистина прекрасни е тоа што тие влијаат и на микро-ниво. Читањето на вистинската книга во вистинското време може да ја промени насоката во вашиот живот. Може да ви помогне да ги надминете пречките, да носите подобри одлуки, да се борите против стресот (и досадата) и да ве поттурнат токму тогаш кога тоа ви е потребно. Ако некогаш ви се случило некој професор, родител или пријател да ви препорача книга која тие мислат дека може да ви помогне, тогаш вие сте ја искусиле моќта на книгата која се појавува од никаде и ги прави работите малку подобри. Исто така сте ја искусиле библиотерапијата.

Основата на библиотерапијата лежи во тоа дека одговорите на многу од дилемите и проблемите со кои се соочуваме во животот може да се најдат во книгите. И не само во поп-психологијата или книгите за само-помош, туку и во делата на книжевната фикција и нефикција. Чувствувате дека сте го изгубиле правецот во својот живот? Обидете се да ја почитате „Сидарта“ од Херман Хесе или „Знам зошто птицата во кафез пее“ од Маја Ангелоу. Се чувствувате несигурно затоа што ќе станете татко? Сте слушнале некогаш за Атикус Финч. Дури и ако сте слушнале, дајте и шанса  на „Да се убие птицата-подбивница“ од Харпер Ли, или прочитајте ја уште еднаш.  Именувајте го кој било проблем и сигурно ќе се најде книга која ќе ви помогне да го решите.

Young student in a library

Библиотерапијата не е последниот моден крик на луѓето кои имаат проблеми и премногу слободно време. Употребата на книги за терапевтски цели датира уште од античка Грција. Терминот „библиотерапија“ е измислен во првата половина на 20 век од страна на Семјуел Кротерс и ова било во вемето кога библиотекарите, особено оние во болниците почнале да создават програми кои содржеле библиотерапија и го употребувале своето знаење за да им помогнат на пациентите во болниците.

Библиотекарите во САД го воделе движењето, додека нивните колеги во Велика Британија набргу почнале да го следат нивниот чекор. Во 21 век, библиотерапијата почнала да се истражува под посериозна лупа која вклучувала и експерименти и опити. Резултатите од овие истражувања воделе кон откритието дека библиотерапијата навистина може да им помогне на луѓето кои страдале од најразлични болести и состојби.

Треба да се има на ум дека библиотерапијата има ограничена моќ и ефект. Факт е дека не можете со книга да излечите скршена нога. Но, скршено срце? Тука книгите можат да ви помогнат. Имате одредени психолошки проблеми? Библиотерапијата може исто така да ви помогне, иако секогаш е добра идеја прво да посетите доктор пред да отидете кај библиотекарот или библиотекарката за терапевтски препораки.

Но, кога човек се справува со депресија, анксиозност, опсесивно-компулсивно нарушување или дури и зависност, добродеојдена е секоја помош која може човек да ја добие и читањето на книга може да има само позитивни нус-ефекти. Тие го подобруваат вашиот вокабулар, ја зацврстуваат вашата емпатија, ве учат како подобро да се изразувате и можат да ви помогнат да се одморите од грижите, барем за краток период.

Затоа, кога ќе ве здоболи забот, одете на заболекар. Но, кога се чувствувате тажно, несигурно или млитаво, посегнете по некоја книжевна препорака.

Извор.

One comment

Leave a comment