Денес имате можност да слушнете ретки снимки од големиот Лав Толстој како чита извадок од својата книга „Мудри мисли за секој ден“ и тоа на четири јазици: англиски, германски, француски и руски јазик.
„Мудри мисли за секој ден“ е последното големо дело на Толстој. Првпат се појавило во 1903 година под името „Мисли од мудри луѓе“ и неколку пати било преуредувано и преименувано пред смртта на Толстој во 1910 година. Ова дело било забрането од советскиот режим и повторно се вратило на пазарот во 1995 година и станало инстантен хит.

Во 1997 година, оваа книга била преведена на англиски јазик и била објавена под името „Календар на мудроста“. Оваа книга е збирка со пасуси од различни мислители, од Лао Цу до Ралф Валдо Емерсон. Толстој во својот дневник напишал: „Имав чувство дека бев подигнат до големи духовни и морални височини со тоа што комуницирав со најдобрите и најмудрите луѓе чии книги ги читав и чии мисли ги избрав за мојот „Круг за читање“.
Во своите поодминати години Толстој се одрекнал од своите познати дела, верувајќи дека е поважно да им се даде морално и духовно насочување на обичните луѓе. Толстој напишал: „Да се создаде книга за масите, за милиони луѓе, е неспоредливо поважно и поплодно отколку да напишете книга која во краток период забавува одредени членови од богатите класи, а потоа паѓа во вечен заборав.“
Толстој ја уредил својата книга за масите како календар, со серии од читања за секој ден од годината. На пример, за 9 мај, Толстој избрал кратки пасуси од Имануел Кант, Солон и Куранот. Под тоа, тој пишува: „Не можеме да запреме на патот кон себеусовршување. Во моментот кога ќе забележите дека имате поголем интерес за надворешниот свет отколку за себеси, тогаш треба да знаете дека светот позади вас се движи.“
Во продолжение слушнете го Толстој како чита:
Аудио-снимките се направени во домот на писателот на неговиот имот „Јаснаја Полјана“ на 31 октомври 1909 година, кога тој имал 81 година. Тој умрел по една година. Наводно Толстој самиот го превел тој извадок. Англиската верзија звучи малку како Библијата на Кралот Џејмс. Зборовите не се слушаат баш најчисто на снимката, но тој вели:
„Целта на животот е самоусовршувањето, усовршувањето на сите бесмртни души и тоа е единствената цел во мојот живот и таа се смета за правилна само поради фактот дека секој друг предмет во суштина е нов предмет. Затоа, прашањето дали го имаш направено тоа што си требал да го направиш е од огромно значење, затоа што единствената смисла во твојот живот се состои од дејствувањето во овој краток период што ти е даден и правењето на тоа што Тој го сака од тебе и тоа што Тој го испратил во твојот живот. Дали ти ја правиш вистинската работа?
Толстој е познат по тоа што има направено неколку аудио-снимки во текот на својот живот, кои датираат уште од 1895 година. Академикот по руска книжевност, Ендру Д. Кауфман собрал три дополнителни стари снимки (сите на руски јазик), вклучувајќи го и предавањето што Толстој им го одржал на селските деца на неговиот имот, Толстој како ја чита сопствената бајка „Волкот“ и извадок од неговиот есеј „Не можам да молчам“. Можете да ги слушнете на веб-страницата на Кауфман.
