Без оглед на тоа дали сакате да читате електронски книги или не, тие ќе останат уште долго време со нас. Можеме да зборуваме за позитивните и негативните работи, бидејќи долга е листата и за предностите и за мааните, но овојпат ќе го прескокнам тоа.
Налетав на интересна статија за едно истражување на Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAC) кои одлучиле да ги истражат ефектите од користењето на „е-читачи кои емитираат светлина“ за време на ноќта. Истражувачи од Бостон испитувале група од 12 здрави возрасни луѓе. 5 ноќи по ред, половина од групата читала од е-читачи 4 часа пред да си легнат, додека пак другата половина читала печатени книги пред да спие. Потоа групите си ги замениле материјалите за читање во период од 5 вечери. Еве што пишува во извештајот:
„Откривме дека употребата на овие уреди пред спиење го продолжува времето кое ви е потребно за да заспиете, го одложува деноноќниот часовник, го поттиснува нивото на хормонот мелатонин, ја намалува количината и го одложува времето на РЕМ спиењето и ја намалува вашата будност следното утро….
Се на се, ние откривме дека користењето на преносни светодиодни уреди веднаш пред спиење има биолошки ефекти кои можат да предизвикаат дефицит на вашиот сон и да го наруши деноноќниот ритам и тоа може негативно да влијае врз вашата работа, здравје и безбедност.“

Иако голем број луѓе се согласуваат дека гледање во екранот пред спиење го нарушува нивниот распоред на спиење, PNAC укажува на тоа дека со користење на електронските уреди пред спиење не е нарушено само заспивањето. Луѓето се будат поспани, бидејќи тие не влегле во РЕМ фазата или поминуваат помалку време во фазата на длабоко спиење.
Чарлс Чејзлер за „Вол Стрит Журнал“ кажал дека истражувањето имало за цел да ги покаже „негативните последици врз општата здравствена состојба“, кои ги предизвикува нарушениот сон. Читањето стана вообичаен начин кој го користат луѓето за да им се приспие пред да одат во кревет. Електронските уреди станаа се повообичаени и во голем дел го заземаа местото на печатените книги, весници и списанија и многуина се свртија кон уреди кои емитувааг светлина. Ноќните е-читачи „веројатно не сфаќаат дека оваа технологија, всушност, ги намалува шансите да им се приспие“.
Сепак има добри вести за оние кои сакаат електронско читање. НПР укажува дека оригиналниот Киндл, кој претставува неозрачен е-читач, дели „повеќе карактеристики со печатените книги од неговите електронски роднини.“
