Заљуби се во девојка која чита!

Минатата година на блогот објавив еден мошне интересен текст „Не се заљубувај во жена која чита“ кој беше и сè уште е еден од најчитаните текстови на блогот. Денес е петок, денот што сите го чекаме со душа, бидејќи тоа значи дека може да започне викендот и конечно се опуштиме од досадните обврски. Пронајдов еден интересен текст, кој се вика „Заљуби се во девојка која чита“ и кој ќе ви го разубави овој петок! Имајте убав викенд!

„Треба да се заљубиш во девојка што чита. Заљуби се во девојка што чита. Заљуби се во девојка што ги троши своите пари на книги наместо на облека, која има проблеми со просторот во ормарот поради тоа што има премногу книги. Заљуби се во девојка што има листа од книги што сака да ги прочита, која е зачленета во библиотека уште од своите 12 години. Најди девојка што чита. Ќе знаеш дека чита, затоа што секогаш ќе носи непрочитана книга во својата чанта. Таа е девојката што со заљубени очи гледа во полиците на книжарницата, онаа што тивко вреснува кога ќе ја најде книгата што ја сака. Ја гледаш таа чудната женска што ги мириса страните на старата книга од некоја стара книжарница? Таа е читателката. Тие никогаш не можат да оддолеат да ги мириснат страниците, особено ако се жолти и малку избледени.

Таа е девојката што чита додека чека во кафулето подолу на улицата. Ако се загледате во нејзината шолја, ќе видите дека кафето одамна е изладено, затоа што таа е веќе обземена од книгата. Изгубена во светот што го создал писателот. Седнете. Таа можеби ќе ве погледне чудно, бидејќи повеќето девојки што читаат не сакаат да бидат прекинувани. Прашајте ја дали ѝ се допаѓа книгата. Почастете ја уште едно кафе. Кажете ѝ што навистина мислите за Мураками. Видете дали успеала да го помине првото поглавје од „Друштвото“. Сфатете дека ако вели дека ја сфатила „Улис“ на Џејмс Џојс, таа го кажува тоа само за да звучи интелигентно. Прашајте ја дали ја сака Алиса или би сакала да биде како Алиса.

Лесно е да се биде во врска со девојка која чита. Подарувајте ѝ книги за роденден, Божиќ, годишнини. Подарете ѝ го подарокот на зборовите, во поезија и песна. Дајте ѝ го Неруда, Поунд, Секстон, Камингс. Дајте ѝ до знаење дека разбирате дека зборовите се љубов. Сфатете дека таа ја знае разликата помеѓу книгите и реалноста, но сепак ќе се обиде да го направи нејзиниот живот малку налик нејзината омилена книга. И нема да биде твоја вина ако го направи тоа. Таа едноставно мора да се обиде.

Лажете ја. Ако таа разбира синтакса, ќе сфати и дека треба да лажете. Позади зборовите има и други работи: мотивација, вредноста, нијанси, дијалог. Нема да биде крајот на светот. Разочарајте ја. Затоа што девојката што чита знае дека разочарувањето секогаш води кон климаксот. Затоа што девојка што чита знае дека сите работи завршуваат, но дека секогаш можете да напишете продолжение и дека секогаш можете одново и одново да почнете и повторно да бидете херој. Во животот треба да се има еден или двајца негативци.

Зошто да бидете исплашени од она што не сте? Девојките што читаат сфаќаат дека луѓето како ликови се развиваат. Освен во серијалот „Самрак“.

Ако најдете девојка што чита, држете ја близу до вас. Кога ќе ја фатите како ја гушнала книгата во два часот наутро, држејќи ја цврсто на градите, плачејќи на цел глас, направете ѝ чај и прегрнете ја. Можеби ќе ја изгубите на неколку часови, но таа секогаш ќе ви се враќа. Таа ќе зборува како ликовите во книгата да се реални, затоа што за одреден период, тие навистина се реални.

Вие ќе ја побарате за жена во воздушен балон. Или за време на рок концерт. Или многу лабаво додека таа е болна. Преку Скајп. Вие ќе се насмевнете толку широко што ќе се чудите зошто срцето сè уште не ви препукнало и искрварило од вашите гради. Ќе ја напишете приказната за вашите животи, ќе имате деца со чудни имиња и уште почудни вкусови. Таа ќе ги запознае вашите деца со „Мачката во капата“ и „Аслан“ и тоа можеби баш во истиот ден. Вие заедно ќе чекорите низ зимата на вашата старост и таа ќе го рецитира Китс под нејзиниот здив, додека вие ќе го тресете снегот од вашите чизми.

Бидете со девојка што чита затоа што го заслужувате тоа. Заслужувате девојка која може да ви го подари најшарениот живот што можете да го замислите. Ако можете да ѝ дадете само монотонија и досадни часови и недомислени предлози, тогаш подобро да бидете сам. Но, ако го сакате светот и световите далеку од овој свет, тогаш бидете со девојка што чита.

Или уште подобро, бидете со девојка која пишува.“

~ Розмари Урквико

2 comments

Leave a comment