Слушнете како Дилан Томас чита извадок од „Сеќавања на детството“!

Има нешто магично во велшкиот акцент, па така секоја поема или поетско читање звучи многу поубаво на велшки акцент.

Дилан Томас е еден од највлијателните поети на 20 век. Неговите поеми не може а да не ве допрат во душата, неговите стихови се безвременски и нудат бескрајно длабока философија и теми за размислување.

maxresdefault

Во извадок од инаку многу подолго парче, Дилан Томас се сеќава на своето детство во Свонси за време на Првата светска војна. „Грдо, прекрасно гратче“, како што го кажува тој. Тој се сеќава на игрите на морското крајбрежје, го споредува Свонси со остатокот од Велс и фантазира за држава која се вика „Фронт“, држава од која луѓето никогаш не се враќаат. Тој ја напишал и снимил првата верзија од овој сегмент за Би-Би-Си во февруари 1943 година, кога тој и неговото семејство живееле во Лондон кој бил растргнат од војната.

Опуштете се и уживајте во гласот и зборовите на Дилан Томас додека ги чита „Сеќавањата од детството“.

Тука можете да го прочитате транскриптот од „Сеќавања на детството“.

Leave a comment